Bu tesisin galeri resmi Bu tesisin galeri resmi

Положба: Хотелот е лоциран во областа Белек, 35км од од центарот на Анталија и 27км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Вкупен број на соби 493 во главна зграда, 139 во градината и 13 вили. Главна зграда: Супериор соби: 239 (39м², една спална, дел за седење со софа на извлекување, едно купатило, макс.2+1 лице), Дуплекс фамилијарен суит: 15 (108м², две спални и една дневна, два тоалета, едно купатило со Џакузи а другото со када, макс.4+2 лица), Суит со поглед на море: 134 (79м², една спална и една дневна со лизгачка врата, едно купатило со Џакузи, друго купатило со туш, тераса или балкон, макс. 3+1 лица). Во посебни блокови во делот на градината: Garden супериор соби: 42 (35м², се наоѓаат во одвоени блокови во градината, една спална, дел за седење со софа, едно купатило со туш, макс.2+1 лица), Garden суит: 97 (69м², една спална и една дневна одвоени со врата, две купатила-едно со туш другото со када, два тоалета, макс.3+1 лица). Сите соби имаат балкон или тераса, купатило со туш, када, фен, централен клима систем, телефон, тепих на подот, мини бар (се дополнува секој ден со вода, минерална вода, сокови, пиво, мали флаширани вина, бар за чоколади, бисквити, чипс), сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет. Специјални суити и Вили: Главна Зграда: Swimm Up супериор соба: 29 (39м², собите се со поглед на базен, една спална со дел за седење - софа на извлекување, едно купатило, макс.2+1 лица), Swimm Up Суит: 21 (79м² собите се со поглед на море или на базен, една спална, една дневна, 2 тоалети, купатило со када за хидромасажа, тераса со приватен базен, макс. 3+2 лица), Duplex Swimm Up суит: 30 (108м², со поглед на базен, две спални, една дневна, купатило со када за хидромасажа, три туша и тераса со приватен базен, макс.4+2 лица), Palazzo суит: 20 (108м², во главна зграда со поглед на море и на базен, една спална, една дневна, два тоалета, два туша, Џакузи, тераса со дел за седење, макс.3+1 лица). Вила Ducale: 4 (175м², лоцирани се на сама плажа, со една голема спална со соблекувална и купатило, други две спални, две купатила со Џакузи и туш, приватен надворешен базен, трпезарија со кујна, приватен дел за сончање и павиљон на плажа, макс.6 лица). Вила Venice: 3 (138м², директен пристап на надворешниот базен, една голема спална со соблекувална, други две спални соби, дневна со кујна, две купатила од кои едното е со Џакузи, приватни павиљони на плажа, соба за бебиситерка, тераса со дел за седење, макс.6 лица), Вила Verona: 2 (со две спални-130м², лоцирани кај Kaya Eagles Golf Club, две спални, една дневна со кујна, две купатила од кои едно со Џакузи а другото со туш, тераса со дел за седење, приватен базен 96м², приватни павиљони на плажа, макс.4 лица), Вила Verona: 4 (со три спални-265м², лоцирани кај Kaya Eagles Golf Club, три спални, една дневна со кујна, едно купатило со Џакузи, другите со када, тераса со дел за седење, приватен базен 135м², една соба за бебиситерка, приватни павиљони на плажа).
Услуга: Palazzo Се вклучено-пијалок за добредојде, кошница со овошје во соба на пристигнување, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера, полноќна ужина, сите локални и брендирани увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, избор од свежи овошни сокови, дел за вина во главниот ресторан, производи на кока-кола, чај и кафе, коктели, интернационални егзотични коктели во сите барови. Луксузни увозни пијалоци, A’la Сarte ресторани со претходна резервација, специјални вина и флаширани пијалоци, енергетски пијалоци, пијалоци во Golf Club барот, услуга во соба, со доплата.
Содржини: Главен ресторан шведска маса, A’la Сarte ресторани- Asiatico -Азиски, Tulipano - Италијански, Livio – Рибен, Steak House, Beirut – Либански ресторан, барови низ целиот хотелски комплекс, отворен Диско клуб. Продавници, фризер, доктор, чување деца, сервис за перење и пеглање,салон за убавина, rent a car, телефон, факс, интернет и компјутерски игри дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет бесплатен во соби и во секој дел од хотелот.
Плажа: Хотелска приватна песочна плажа, со лежалки, чадори и пешкири за плажа.
Спорт и забава: Надворешни и внатрешни базени, базен за деца, лизгалици на вода, фитнес центар, сауна, Турска бања, Џакузи, тениски игралишта, пинг понг, одбојка, кошарка, мини голф. Осветлување на тениски игралишта, опрема и часови по тенис, фудбалски игралишта, голф терени (во близина на хотелот), масажа, салон за убавина, спортови на вода, јавање коњи, дополнително се наплатува. Забавна програма за возрасни во текот на денот и вечерни шоу програми, кино. Мини клуб за деца од 04-12 год. и клуб за тинејџери од 13-16 год. 


НАСКОРО ЦЕНИ ЗА ЛЕТО 2020...


Во цената е вклучено:
Чартер лет Скопје – Анталија – Скопје
Аеродромски такси
Хотелско сместување на дадената услуга
Трансфер аеродром – хотел – аеродром

Легенда:
DBL/TWIN - двокреветна соба (можен помошен кревет), SGL - еднокреветна соба, APP - апартман, Family - фамилијарна соба, SUITE – суит, Mezonette – мезонет, Bungalow – бунгалов, PV/MV - поглед на парк, SV - поглед на море,  tv - телевизор, fr - ладилник (фриждер), ac - клима уред, BB - ноќевање со појадок, HB - полупансион (појадок и вечера), AI - (all inclusive) се вклучено.
 

GALLERY