Gallery image of this property Gallery image of this property

Локација: Се наоѓа на јужниот дел на хургада  во  Sahl Hashesh околу 20 км оддалечен од аеродром и центарот на Хургада.
Содржини: Хотелскиот комплекс се состои од два дела Aquamarine и Bluemarine на гостите им се на располагање  главен ресторан и 4 a’ la carte  ресторани и неколку барови и дискотеки. За децата има аква парк, мини клуб, игралиште и детски базен. Во склоп на хотелот има 1301 соби : 153 стандардни (30m2), 490 супериор (38m2), 427 фамилијарни (45m2), 144 делукс (50m2)...  Собите се опремени со клима , балкон / тераса со 2 столчиња, телефон, сеф, фен, мини бар и Wi-Fi internet.
Со доплата: мини бар, телефон.
Плажа: Хотелот поседува приватна плажа каде има еден ден со корални гребени, кое ги привлекува голем број на вљубениците на подводниот свет, а поголем дел е зона со плитка вода. Гостите на хотелот можат без доплата да користат лежалки и чадори
Спорт и забава: За гостите на располагање ина 18 базени за деца и возрасни и две jacuzzija на плажа,  аква парк со  22 тобогани  (14 за возрасни и 8 за деца.) За време на зимската сезона се загреваат помалите базени во зависност од временските услови и капацитетот на гостите. Од останатите активности на гостите им се на располагање аеробик, тенис, пикадо, ватерпол, одбојка на плажа, дневни и ноќни анимации. Во склоп на хотелот има спа центар  “Mi Vida” во кој склоп гостите можат да ја користат теретаната безплатно, а со доплата: сауната, парното купатило, масажата и останатите третмани.


ЦЕНОВНИК ЗА ЛЕТО 2020


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со авион на релација Скопје – Хургада – Скопје, со чартер лет
- Услуга на сместување во избраниот хотел на база на избраната услуга за време на избраниот термин, према табелите во ценовникот.
- Трансфер Аеродром – хотел – Аеродром.
- Aеродромски такси
- Услугите на претставникот на организаторот или ино – партнерот на дестинацијата.
- Трошоци за организација на програмата.”

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

- Задолжително патничко осигурување.
- Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.”

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62,0 ден. за 1 ЕВРО.
- За резервација потребна е аконтациска уплата од минимум 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Early Booking…), а останатиот износ се плаќа најдоцна 14 дена пред започнување на аранжманските услуги.

***
 Попустите за ран букинг (“Early Booking”) имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен во табуларните ценовници. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА ОД МИН. 50% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ. Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервацијка (имиња/број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената. Целосна доплата на аранжман резервиран во “Early Booking” период може да се разликува од стандардниот рок дефиниран погоре (14 дена пред поаѓање).
***

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ ДА СЕ ПРОВЕРИ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ОД СКОПЈЕ