Gallery image of this property Gallery image of this property

Локација: Се наоѓа на јужниот дел од Хургада на 18 км од центарот и 20 км од аеродромот.
Содржини: Хотелот е отворен во мај 2014 година. Компексот се состои од главна зграда и 5 хотелски блокови со вкупно 547 сместувачки капацитети. Покрај главниот ресторан хотелот во понуда има 5 a’ la carte ресторани и неколку барови и базени. За децата има игротека, детски базен и мини клуб. Сите соби се опремени со фен за коса, клима, кетел, сеф, SAT LCD TV, балкон и тераса.
Плажа: Сопствена плажа 1000м долга заедно со марина. Еден дел на плажата е со корален гребен за вљубениците на подводниот свет, а поголемиот дел е со плитка вода (700м се препорачуваат обувки за на плажа). Гостите на хотелот можат без доплата да користат лежалки и чадори.
Спорт и забава: Хотелот има вкупно 5 базени (гавниот базен е поделен на 4 дела), аква парк со 4 тобогани и детски базен. За врме на зимскиот период се загрева базенот со бар и детскиот базен. Од останатите анимации хотелот нуди одбојка на палажа, тенис, шах, пикадо, гимнастика и аниматори кој ќе се погрижат за  забавната атмосвера на гостите. Гостите можат да ја користат теретаната (за деца помали од 14 години не е дозволено користење на теретана)
Со доплата може да Ви се понуди: јавање на коњ, камила, интернет само во лобито, билјард, спортови на вода, нуркање...


ЦЕНОВНИК ЗА ЛЕТО 2020


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со авион на релација Скопје – Хургада – Скопје, со чартер лет
- Услуга на сместување во избраниот хотел на база на избраната услуга за време на избраниот термин, према табелите во ценовникот.
- Трансфер Аеродром – хотел – Аеродром.
- Aеродромски такси
- Услугите на претставникот на организаторот или ино – партнерот на дестинацијата.
- Трошоци за организација на програмата.”

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

- Задолжително патничко осигурување.
- Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.”

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62,0 ден. за 1 ЕВРО.
- За резервација потребна е аконтациска уплата од минимум 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Early Booking…), а останатиот износ се плаќа најдоцна 14 дена пред започнување на аранжманските услуги.

*** Попустите за ран букинг (“Early Booking”) имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен во табуларните ценовници. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА ОД МИН. 50% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ. Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервацијка (имиња/број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената. Целосна доплата на аранжман резервиран во “Early Booking” период може да се разликува од стандардниот рок дефиниран погоре (14 дена пред поаѓање).
***

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ ДА СЕ ПРОВЕРИ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ОД СКОПЈЕ