Gallery image of this property Gallery image of this property

Локација: Еден од најпознатите семејни хотели кој се наоѓа во јужниот дел на Хургада во Мемша , на самата песочна плажа, на 4км од центарот на Хургада и 6км од аеродромот.
Соби: 329 елегантно уредени соби, со бања, сателитска ТВ, клима уред, сеф, мини бар, балкон или тераса.
Содржини: Три ресторани, 7 барови, дискотека, интернет центар, козметички салон.
Спорт и забава: Два базена, две тениско игралишта, затворен базен, теретана, куглање, билјард, пинг понг, одбојка на плажа, центар за нуркање и бројни активности на вода. Современ спа и фитнес центар. Активности и анимации за најмладите.
Линк до хотелот-> web  


EARLY BOOKING !!!
за резервации до 29.02.2020


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со авион на релација Скопје – Хургада – Скопје, со чартер лет
- Услуга на сместување во избраниот хотел на база на избраната услуга за време на избраниот термин, према табелите во ценовникот.
- Трансфер Аеродром – хотел – Аеродром.
- Aеродромски такси
- Услугите на претставникот на организаторот или ино – партнерот на дестинацијата.
- Трошоци за организација на програмата.”

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

- Влезна виза за Египет (Маркичка која се купува на лице место, на аеродромот во Хургада и чини 25$ )
- Задолжително патничко осигурување.
- Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.”

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62,0 ден. за 1 ЕВРО.
- За резервација потребна е аконтациска уплата од минимум 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Early Booking…), а останатиот износ се плаќа најдоцна 14 дена пред започнување на аранжманските услуги.

***
 Попустите за ран букинг (“Early Booking”) имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен во табуларните ценовници. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА ОД МИН. 50% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ. Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервацијка (имиња/број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената. Целосна доплата на аранжман резервиран во “Early Booking” период може да се разликува од стандардниот рок дефиниран погоре (14 дена пред поаѓање).
***

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ ДА СЕ ПРОВЕРИ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ОД СКОПЈЕ

GALLERY