Gallery image of this property Gallery image of this property

Локација: Одалечен е 8 км од Сакала (стариот туристички центар на градот) и 13 км од аеродромот на Хургада.
Содржини: Хотелот во целост е реновиран и отворен во 2019 година. Комплексот се состои од главна зграда која има 6 спрата и еден спореден објект во кој се сместени премиум собите. Во понудата на хотелот има 495 модерно опремени соби.  Сите соби се уредени со модерен дизајн, секоја соба има клима SAT LCD TV, сеф, мини бар, кетел и сет за кафе, купатило опремено со када и туш кабина, Wi-Fi internet.  Овој хотел е еден од првите најпознати хотели во Хургада, кој се наоѓа во мирниот дел на Хургада. Поради квалитетната услуга и разновидните содржини и добрата локација се препорачува  за сите возрасти. Хотелот е идеален за парови а исто така и за семејства со мали деца (за кој има игротеки , анимација, базен со аква парк и детско мени. 
Плажа: Хотелот има своја песочна плажа. На плажата има еден мал дел со корални гребени, која привлекува голем број на заљубеници на подводниот свет. Гостите на хотелот можат без доплата да користат лежалки и чадори.
Спорт и забава: Во склоп на хотелот се наоѓаат 2 отворени базени и 1 за деца ( со неколку тобогани прилагодени за деца во помала возраст). За време на зимската сезона сите 3 базени се загреваат. Од активности за гостите на располагање се терени за тенис, одбојка, сковош, фитнис центар и разни врсти на анимации. Со допата: спортови на вода, осветлениот тениски терен за ноќ и останатите активности надвор од концептот. Во склоп на хотелот се наоѓа голем SPA  центар со доплата. Гостите можат да ја користат теретаната бесплатно.


ЦЕНОВНИК ЗА ЛЕТО 2020


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со авион на релација Скопје – Хургада – Скопје, со чартер лет
- Услуга на сместување во избраниот хотел на база на избраната услуга за време на избраниот термин, према табелите во ценовникот.
- Трансфер Аеродром – хотел – Аеродром.
- Услугите на претставникот на организаторот или ино – партнерот на дестинацијата.
- Трошоци за организација на програмата.”

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

- Задолжително патничко осигурување.
- Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.”

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62,0 ден. за 1 ЕВРО.
- За резервација потребна е аконтациска уплата од минимум 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Early Booking…), а останатиот износ се плаќа најдоцна 14 дена пред започнување на аранжманските услуги.

*** Попустите за ран букинг (“Early Booking”) имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен во табуларните ценовници. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА ОД МИН. 50% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ. Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервацијка (имиња/број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената. Целосна доплата на аранжман резервиран во “Early Booking” период може да се разликува од стандардниот рок дефиниран погоре (14 дена пред поаѓање).
***

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ ДА СЕ ПРОВЕРИ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ОД СКОПЈЕ

 

GALLERY