Локација: Хотелот се наоѓа во Хадаба, на 5км од центарот Naama Bay до кој има шатл автобус во вечерните часови. Од аеродромот хотелот е оддалечен 17км.
Сoби:  Хотелот има 136 соби, сите се климатизирани и опремени со купатило, сателитска телевизија, телефон, мини бар, сеф и балкон.
Хотелски содржини: Хотелот има главен ресторан, ТВ сала, бар покрај базенот, бедуин кафе, продавници за сувенири и салон за убавина. Wi Fi конекцијата е со екстра доплата.
Спорт и забава: Гостите на располагање имаат 2 надворешни базени, детски базен, мини клуб, терен за мал фудбал, СПА центар со џакузи, сауна и простории за масажа.
Плажа: Хотелот се наоѓа на 500м од плажите Amfora I Palm, до кои бесплатно има превоз со хотелски шатл автобус.


 EARLY BOOKING !!!
за резервации до 29.02.2020


ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
* 6 или 13 ноќевања на база наведената услуга.
* Авионски чартер превоз на релација Скопје – Шарм Ел Шеик – Скопје со можност за чекиран багаж
* Аеродромски и административни такси во износ од 80еур (30еур за бебе до 1.99 год)
* Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Шарм Ел Шеик
* Асистенција на локален партнер и претставник
* Организација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
* Патничко здравствено осигурување
* Влезна виза за Египет (***) - за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување, потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6месеци. (*** За краток туристички престој во Шарм Ел Шеик без напуштање на Синајскиот регион виза НЕ Е ПОТРЕБНА. Во случај на напуштање на Синајскиот регион виза може да биде обезбедена на лице место дополнително во соработка со локалните партнери и оретставници)
* Хотелски услуги после одјавување на собите (*** хотелот има право да ги прекине All Inclusive услугите по времето предвидено за одјавување)
* Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.