Во Струга се пристигнува или по новиот пат или по стариот пат од Охрид. Доколку доаѓате од Скопје, имате две опции: преку Кичево по автопатот или преку Дебар по потесниот пат кој сепак ќе ви пружи прекрасни пејсажи.
Струга е град на поезијата и поетите. Во неа веќе 43 години на крајот на август се одржуваат Струшките вечери на поезијата, кои традиционално се отвораат со песната “Т’га за Југ” на Константин Миладинов.
Мостовите кои се градат меѓу различни култури ги спојуваат двата брега на Црн Дрим кој токму тука го напушта Охридското езеро и ита кон Јадранското Море. Во времето на Самуил градот го нарекле и “град на 100 мостови”.
Во Струга имате можност да го посетите музејот Д-р Никола Низлобински каде е изложено богатството на фауната на Охридското Езеро.
На патот од Струга кон граниниот премин Ќафасан, посетет ја малата црква Св. Богородица во Калишта од 15 век. Од тоа време се сочувани неколку фрески, меѓу кои и “Вознесение Христово”.
На неколку стотици метри пред граничниот премин се наоѓа и последното село од западната страна на езеротот, Радожда.
Некогаш рибарско село, денес е свртено кон туризмот, но тука го нема оној метеж кој можете да го доживеете во Охрид.
Радожда е фина викенд и дестинација за одмор, посебно доколку сте “утрински тип”, тука сонцето рано изгрева, па денот за плажа завршува порано.


Gallery image of this property  Gallery image of this property


Сместен на самиот брег од Охридското езеро и реката Црни Дрим, во срцето на градот Струга, Хотел Дрим располага со 196 стилски уредени соби и 4 апартмани. Без разлика дали сте на одмор, семинар, свеченост можете да добиете едно уникатно доживување. Хотелот нуди сместување во двокреветни, трокреветни супериор соби, или пак еден од нивните пространи апартмани.
Аперитив барот е централниот бар кој се наоѓа во лобито на хотелот. Освен што опслужува пијалоци и храна во самото лоби на хотелот, располага и со тераса со капацитет од 90 седишта, со исклучителен поглед на Охридското Езеро.
Плажа барот е поставен на самата плажа пред хотелот. Нуди избор на најмодерни коктели, смути и освежителни пијалоци. Одличен избор за топлите летни денови.
Камелија барот е поставен веднаш до отворениот базен и е направен за да може да ги опслужи и гостите кои се на отворениот базен и оние кои се наоѓаат на плажа.
Со одличната храна како и преубавиот амбиент, плажата на хотелот е една од најпосетените во градот.


2 HB (ноќевања со појадок и вечера) - 49 € по лице
2 FB (полни пансиони) - 59 € по лице
период на престој: јануари - февруари
* Сместување во Двокреветна супериор соба


Предлог еднодневна тура која вклучува разглед на Струга, куќата на браќата Миладиновци, старата струшка чаршија, Мостот на поезијата и потоа продолжува со посета на пештерската црква и манастирот посветен на Дева Марија (14-ти. В) во село Калишта и црквата Свети Архангел Михаил (село Радожда). Во селото Калишта по посетата на пештерската црква Свети Архангел Михаил (14-ти в.) и манастирот, имате можност да купите од познатата манастирска ракија со сирење и грозје.


Image result for mostot na poezijata struga" Image result for radozda struga"


Легенда:
DBL/TWIN - двокреветна соба (можен помошен кревет), SGL - еднокреветна соба, APP - апартман, Family - фамилијарна соба, SUITE – суит, Mezonette – мезонет, Bungalow – бунгалов, PV/MV - поглед на парк, SV - поглед на море,  tv - телевизор, fr - ладилник (фриждер), ac - клима уред, BB - ноќевање со појадок, HB - полупансион (појадок и вечера), AI - (all inclusive) се вклучено

GALLERY