Bu tesisin galeri resmi Bu tesisin galeri resmi

Локација: Хотелот се наоѓа во областа Okurcalar-Alanya, 32 км од Аланија и 90 км од аеродромот во Анталија. Хотелот е реновиран 2015 год.
Сместување: Вкупен број на соби 617. Стандардни соби 563 (27м², макс. 2+2 лица), фамилијарни соби 20 (54м², 2 спални соби одвоени со врата , една бања,макс. 4 лица+ 1 ), и 6 соби за хендикепирани лица. Собите се распоредени во 5 блока во преубава градина, собите имаат балкон или тераса со поглед градина, купатило со туш, када и фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, тепих или паркет на подот, мини бар, сеф, сателитска ТВ и музички канали.
Услуга: All Inclusive -шампањско за добредојде, шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска ужина, ручек, попладневна ужина, колачи, кафе, чај, сладолед, свежо цеден сок, вечера, полноќен оброк. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, мини бар кој се дополнува секој ден со вода, сокови , пиво и чоколади, A’la Carte ресторани со претходна резервација( еднаш за време на престојот од една недела ). Диетална храна и храна за деца во главниот ресторан. Увозните пијалоци, специјални вина и премиум пијалоци, флашираните пијалоци, следно користење на A’la Carte рестораните дополнително се наплатуваат.
Ресторани: Главен ресторан Park со шведска маса, A’la Carte ресторани-Ottoman (Турска кујна), Mr. Fish (морска храна), Dolce Vita (Италијанска кујна), China House (Кујна од Далечен Исток), Dai Tokai Teppen Yaki Suschi (Јапонска кујна), барови на различни локации околу хотелскиот комплекс, диско клуб. Доктор, фризер, перална, шопинг центар, rent a car, интернет (во лобито од хотелот не се наплатува) и компјутерски игри се наплатуваат.
Содржини: Хотелска плажа со ситни камчиња, пешкирите за на плажа, лежалките и чадорите за сонце не се наплатуваат. Надворешен базен, базен за деца, лизгалици на вода, фитнес центар, сауна, Турска бања, џакузи, тениски игралишта и осветлување, пинг понг, одбојка на плажа, немоторни водени спортови не се наплатуваат. Опрема и часови за тенис, масажа, салон за убавина, билијард, куглање, моторизирани водени спортови и училиште за нуркање дополнително се наплатуваат. Забавна програма, натпревари, вечерни шоу програми, еднаш неделно Турска вечер и Гала вечера, мини клуб за деца и забавен парк.


НАСКОРО ЦЕНИ ЗА ЛЕТО 2020...


Во цената е вклучено:
Чартер лет Скопје – Анталија – Скопје
Аеродромски такси
Хотелско сместување на дадената услуга
Трансфер аеродром – хотел – аеродром

Легенда:
DBL/TWIN - двокреветна соба (можен помошен кревет), SGL - еднокреветна соба, APP - апартман, Family - фамилијарна соба, SUITE – суит, Mezonette – мезонет, Bungalow – бунгалов, PV/MV - поглед на парк, SV - поглед на море,  tv - телевизор, fr - ладилник (фриждер), ac - клима уред, BB - ноќевање со појадок, HB - полупансион (појадок и вечера), AI - (all inclusive) се вклучено.
 

GALLERY