Image result for costa diadema

Почеток на пловидба: овој брод започнува со својата прва пловидба 2014та година.

Опис на бродот: бродот Costa Diadema е совршен избор  за семејства и парови подеднакво. На бродот  патниците може да уживаат во филмови во 4D киното или пак вирутелно да се тркате во восхитувачкиот Grand Prix симулатор.

Содржини: За возрасните, на Costa Diadema, се наоѓа оаза на четири нивоа, Samsara Spa центар. Ова “прибежиште“ во себе содржи, сауна, турска бања, UVA – ray Солариум, базен за терапија со морска вода, теретана, како и кабини и апартмани од велнес категорија. За време на вечера, гостите можат да уживаат во било кој од седумте ресторани, меѓу кои Club Restaurant, Tavola Teppanyaki Restaurant, Samsara Restaurant како и пицерија. На бродот се наоѓаат уште и 11 барови меѓу кои Dresden Green Pub, Gran Duca di Toscana Wine Bar.
За децата забавата продолжува во Amarillo Ice Cream Parlour каде може да пробаат разновидни вкусови на сладолед, како и во детскиот базен, опремен со пиратски брод и замок. Освен тоа тука е и возбудливиот Star Lazer, интерактивна зона во која може да се забавуваат во тимови борејќи се меѓусебно со ласерски оружја-играчки.

Спорт и забава: На Costa Diadema се наоѓаат 8 џакузија и три базени од кои едниот со собирачки кров, во кои можете да се релаксирате. Country Rock клубот има некои од најзабавните звуци кои сте ги слушнале, но исто така можете да се забавувате и во театарот на 3 нивоа во кој се одржуваат различни перформанси во живо.



Last minute -BASIC*
Внатрешна двокревтна кабина *(кат.IV ) по лице - 589 €
Прозорска двокреветна кабина * (кат.EV ) по лице - 869 €
Балконска двокревeтна кабина *(кат.BV) по лице - 1179 €
3 и 4то возрасно лице -
295 €

Дете до 18 години во кабина со двајца возрасни  плаќа само пристанишна такса!

Пристанишна такса 240 €


Задолжителни типсови  кои се плаќаат на бродот изнесуваат:
10 eur  за возрасен / по ноќ
Деца од 4-14 години плаќаат 50% од овоаа сума .
Деца под 4 години не плаќаат типс
Costa осигурување  11 eur (nе е задолжително)


ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
•  Крстарење со брод према програмата
• Сместување во одбраната  кабина  за време на крстарењето со брод (купатило /WC,  клима, сеф, TV)
•  проширен полн пансион на брод ( вечера, полноќна закуска, појадок, ручек, ужина)
• свечена вечера со капетанот
• целодневна анимација
•  забавна  вечерна  програм  во салоните и баровите со музика во живо.
• користење на бродскиот простор и опрема (користење на библиотеката, fitness центар, базен,  лежалки на палубата, сауни, пешкири...)
•театарски претстави 
• влазници во коцкарница, ноќен клуб...
• спортски активности (аеробик и слични активности со асистенција на инструктор во сала...)
• дневни активности ( игри, лов на изгубено богатство, квизови, турнири, караоке, тематски забави и сл.)


ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА :
• типс
•пијалок на брод
• излети на копно
•теретаната во   wellness центарот  и козметичкиот салон , личен тренер
• costa осигурување и осигурување од отказ

****Компанјата го задржува правото за промена на цена без предходна најава
!