Gallery image of this property

Локација: Се наоѓа на прекрасна песочна плажа, на почетокот на Мемша, на самото шеталиште на новиот дел на Хургада. Од центарот на Хургада, Сакала, е оддалечен 4км а од аеродромот 6км.
Соби: Хотелот располага со 252 соби и 15 апартмани со бања, ЛЦД сателитска ТВ, телефон, клима, сеф, мини бар и балкон или тераса.
Содржини: Еден главен и 4 а ла кат ресторани, бар на панорамска тераса со поглед на Црвено Море и неколку други барови меѓу кои и прочуениот Капетанов Бар, дискотека, козметички салон.
Спорт и забава: Два базена со детски дел, билјард, пинг понг, тениски игралишта, 2 сквош терени, фитнес центар, центар за нуркање и бројни спортови на вода, спа центар. Разни дневни и вечерни анимации од професионален тим на аниматори
.
Линк до web на хотелот->  continental-hurghada.com


ЦЕНОВНИК ЗА ЛЕТО 2020


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со авион на релација Скопје – Хургада – Скопје, со чартер лет
- Услуга на сместување во избраниот хотел на база на избраната услуга за време на избраниот термин, према табелите во ценовникот.
- Трансфер Аеродром – хотел – Аеродром.
- Услугите на претставникот на организаторот или ино – партнерот на дестинацијата.
- Трошоци за организација на програмата.”

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

- Aеродромски такси во износ од 80 € по лице, освен за бебиња кои немаат полни 2 години
на датумот на враќањето

- Задолжително патничко осигурување.
- Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.”

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62,0 ден. за 1 ЕВРО.
- За резервација потребна е аконтациска уплата од минимум 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Early Booking…), а останатиот износ се плаќа најдоцна 14 дена пред започнување на аранжманските услуги.

***
 Попустите за ран букинг (“Early Booking”) имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен во табуларните ценовници. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА ОД МИН. 50% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ. Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервацијка (имиња/број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената. Целосна доплата на аранжман резервиран во “Early Booking” период може да се разликува од стандардниот рок дефиниран погоре (14 дена пред поаѓање).
***

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ ДА СЕ ПРОВЕРИ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ОД СКОПЈЕ

GALLERY