Gallery image of this property Gallery image of this property

Локација: Хотелот се наоѓа во центарот на Хургада, на своја, сопствена плажа, на само 6км. од Аеродромот и е комплетно реновирен 2006год.
Соби: Изграден е во форма на потковица, така што сите 250 соби имаат поглед на море или на базен. Сите соби имаат купатило ( туш/ВЦ ), фен, САТ ТВ, телефон, клима уред, сеф, мини бар, тераса или балкон. 
Содржини: Покрај главниот ресторан, на гостите им се на располагање 3 а ла карт ресторани, бар во лоби, на плажа и покрај базен. Во состав на хотелот има и фризерски салон, менувачница, неколку продавници, сервис за перење и пеглање и интернет центар.
Спорт и забава: Хотелот има голем базен со плиток дел за деца. Од содржини на гостите на располагање им се центарот за гњурење, пинг понг, одбојка на песок, сауна, парна бања, фитнес сала и џакузи.


ЦЕНОВНИК ЗА ЛЕТО 2020


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со авион на релација Скопје – Хургада – Скопје, со чартер лет
- Услуга на сместување во избраниот хотел на база на избраната услуга за време на избраниот термин, према табелите во ценовникот.
- Aеродромски такси
- Трансфер Аеродром – хотел – Аеродром.
- Услугите на претставникот на организаторот или ино – партнерот на дестинацијата.
- Трошоци за организација на програмата.”

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

- Задолжително патничко осигурување.
- Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.”

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62,0 ден. за 1 ЕВРО.
- За резервација потребна е аконтациска уплата од минимум 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Early Booking…), а останатиот износ се плаќа најдоцна 14 дена пред започнување на аранжманските услуги.

*** Попустите за ран букинг (“Early Booking”) имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен во табуларните ценовници. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА ОД МИН. 50% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ. Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервацијка (имиња/број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената. Целосна доплата на аранжман резервиран во “Early Booking” период може да се разликува од стандардниот рок дефиниран погоре (14 дена пред поаѓање).
***

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ ДА СЕ ПРОВЕРИ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ОД СКОПЈЕ

GALLERY