Gallery image of this property Gallery image of this property

 Локација: Хотелот е лоциран во областа Sahl Hashesh, одалечен 20 км од центарот на Хургада,на прекрасна песочна плажа долга 600м и секако еден од најдобрите хотели во Хургада. Tој е единствениот хотел во Хургада кој има 5 DLX ѕвезди.
Соби: Хотелот располага со 615 пространи соби и апартмани. сите соби имаат клима, сеф, мини бар, телефон, LCD TV, SAT TV со музички канали, интернет, пегла и даска за пеглање, фен.
Содржини:  Хотелот располага со поевеќе ресторани: Red Sea ресторан, Bella Vista ресторан, Египетски ресторан, Mikado ресторан, infiniti ресторан покрај базен, барон клуб, ниче бар, teens бар. Хотелот располага со клиника и доктор кој се достапни 24 часа, rent-a car, детски клуб и базен, мал трговски центар, спа со турска бања, сауна, џакузи, отворен базен, health club, салон за убавина, масжа, центар за нурење, 3 тениски игралишта, одбојка на плажа, аеробик, ватерполо, пинг-понг, скиање на вода…
Услуга:  Premium All Inclusive


ЦЕНОВНИК ЗА ЛЕТО 2020


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со авион на релација Скопје – Хургада – Скопје, со чартер лет
- Услуга на сместување во избраниот хотел на база на избраната услуга за време на избраниот термин, према табелите во ценовникот.
- Трансфер Аеродром – хотел – Аеродром.
- Аеродромски такси
- Услугите на претставникот на организаторот или ино – партнерот на дестинацијата.
- Трошоци за организација на програмата.”

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

- Задолжително патничко осигурување.
- Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.”

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62,0 ден. за 1 ЕВРО.
- За резервација потребна е аконтациска уплата од минимум 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Early Booking…), а останатиот износ се плаќа најдоцна 14 дена пред започнување на аранжманските услуги.

*** Попустите за ран букинг (“Early Booking”) имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен во табуларните ценовници. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА ОД МИН. 50% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ. Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервацијка (имиња/број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената. Целосна доплата на аранжман резервиран во “Early Booking” период може да се разликува од стандардниот рок дефиниран погоре (14 дена пред поаѓање).
***

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ ДА СЕ ПРОВЕРИ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ОД СКОПЈЕ

GALLERY