Gallery image of this property Gallery image of this property

Локација: Современ хотел кој е сместен во заливот Nabq Bay, со поглед кон островот Tiran. Од аеродромот е оддалечен 12 км , а од центарот на Naama Bay 18 км. 
Сoби: Хотелот има 345 соби. Сите соби се климатизирани и опремени со купатило, фен, сателитска телевизија, телефон, сеф, мини бар и балкон.
Хотелски содржини: Покрај главниот ресторан, има и 3 a la carte ресторани : Јапонски, италијански и ориентален. 4 тематски барови, шопинг центар, сувенирница, козметички салон, услуги за перење. Wi Fi конекцијата е бесплатна во лобито на хотелот.
Спорт и забава: Хотелот има 3 надворешни базени и детски базен, тениски игралишта, одбојка на плажа. Во состав на СПА центарот спаѓаат сауна, парна бања и фитнес центар. За најмладите има мини клуб, а за целокупната забава е задолжен тимот за анимација.
Плажа: Хотелот има сопствена песочно камчеста плажа со корален гребен.


EARLY BOOKING !!!
за резервации до 31.03.2020


ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
* 6 или 13 ноќевања на база наведената услуга.
* Авионски чартер превоз на релација Скопје – Шарм Ел Шеик – Скопје со можност за чекиран багаж
* Аеродромски и административни такси во износ од 80еур (30еур за бебе до 1.99 год)
* Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Шарм Ел Шеик
* Асистенција на локален партнер и претставник
* Организација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
* Патничко здравствено осигурување
* Влезна виза за Египет (***) - за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување, потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6месеци. (*** За краток туристички престој во Шарм Ел Шеик без напуштање на Синајскиот регион виза НЕ Е ПОТРЕБНА. Во случај на напуштање на Синајскиот регион виза може да биде обезбедена на лице место дополнително во соработка со локалните партнери и оретставници)
* Хотелски услуги после одјавување на собите (*** хотелот има право да ги прекине All Inclusive услугите по времето предвидено за одјавување)
* Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.