Малешевските планини се наоѓаат на најисочниот дел од Република Македонија. Границата со Република Бугарија се протега по сртот на планинскиот масив. Сите врвови од Малешевскиот масив се лоцирани западно од Берово, на растојание не поголемо од 20 км. На територијата на Малешево се наоѓаат повеќе од 100 природни извори. Беровското езеро има многу значајна хидографско – туристичка функција, изградено 1970 година, во месноста Линакот. Езерото е оддалечено само 5 км од Берово, долго е 2,5 км, а просечната широчина е 0,5 км. Се наоѓа на надморска височина од 986 м, а површината му е 0,75 квадратни км.
Источниот дел на Република Македонија, на надморска височина од 670 до 1050 метри, во подножјето на Малешевските планини се наоѓа Малешевската котлина. Највисок врв е Кадиица со 1932м н.в. Општина Берово на југ се граничи со Општините Ново Село, Босилово и Василево, на запад со Радовиш и Виница, на север со Делчево и Пехчево, а на исток е државната граница со Р. Бугарија и општините Струмјани и Сандански. Онаму каде што реката Брегалница навлегува во Малешевската котлина на самото најзино грло од двете страни е распространет градот Берово. Вкупната површина на Општина Берово изнесува 595м2.


 Gallery image of this property Gallery image of this property

Локација: Со надморска височина од 1100 метри, ресортот е сместен во источниот планински дел на Македонија, близу до градот Берово, веднаш над Беровското езеро и прекрасниот кањон на Малешевските планини.
Сместување: 6 типови на соби (супериор, делукс, џуниор свит, апартмани, вила апартмани, арт студија)
Услуга: ноќевање со појадок и вечера
Содржини: world-class СПА центар, Ресторан, пет ѕвездено сместување, наворешен и внатрешен базен, богати и интересни планински содржини



Цените се изразени во EUR за уплати во денарска противвредност (1€=62 MKD).


Дали од секогаш сте сакале да јавате коњи? Дали би сакале да уживате во мирот и спокојството додека ловите риби на Беровското Езеро или во приватен рибник? Можеби возењето велосипед или пешачењето по прекрасните предели на Малешевските Планини е тоа што најмногу го посакувате? Дали сте искусиле возење со џип низ планински терен? Или едноставно сакате да уживате во СПА центарот или покрај отворениот базен додека вашите деца се забавуват на лулашките.


Легенда:
DBL/TWIN - двокреветна соба (можен помошен кревет), SGL - еднокреветна соба, APP - апартман, Family - фамилијарна соба, SUITE – суит, Mezonette – мезонет, Bungalow – бунгалов, PV/MV - поглед на парк, SV - поглед на море,  tv - телевизор, fr - ладилник (фриждер), ac - клима уред, BB - ноќевање со појадок, HB - полупансион (појадок и вечера), AI - (all inclusive) се вклучено.

GALLERY