Image result for AJMAN DUBAI Image result for FAIRMONT AJMAN

Аџман - Аjman (на арапски чуман) е еден од седумте емирати во Обединетите Арапски Емирати. Со површина од само 260 км², Аџман е најмалиот емират. Главниот град е Аџман. Се граничи со емиратот Шарџа на север, југ и исток. Аџман има плажа долга 16 км. Овој емират во развој нуди разновидни туристички атракции и активности.
Една од главните туристички атракции во градот е Националниот музеј изграден во 18 век, музејот некогаш бил палата на владетелот и е одраз на историјата на овој емират, Тврдината во Аџман бил подигнат кон крајот на 18 век. Направена е од локални материјали како што се корали, гипс, како и разни видови дрво кои биле донесени од Африка. Џамијата „Шеик Зајед“ во Аџман е најистакнатиот верски објект во овој емират и
кулата Етисалат, е една од најпознатите градби во светот е позната по врвот на кулата што личи на голф топка.


ПРЕДЛОГ ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
1 ден          Скопје – Дубаи – Аџман
Полетување од Скопје во 13:25 часот (FZ792), слетување во Дубаи во 21:25 часот. Трансфер до хотелот и сместување.Ноќевање.
2 ден до 4/7 ден   Аџман
Престој во избраниот хотел на база на ноќевање со појадок, слободно време за индивидуални активности и одмор.
4/5/8 ден              Аџман – Дубаи – Скопје 
Трансфер до аеродром во раните утрински часови. Полетување од Дубаи во 09:25 часот (FZ791), слетување во Скопје во 12:25 часот.



Цените се дадени по лице за пакет аранжман во двокреветна соба
Цените се изразени во ЕUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR=62 MKD)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација  Скопје - Дубаи - Скопје (авиокомпанија "Fly Dubai")
- Трансфери во Дубаи: аеродром - хотел - аеродром
- Сместување во одбраниот хотел  на 4/5/7 ноќевања
- Аеродромски такси

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Туристичка виза за ОАЕ 85 €
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
- Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотел, по соба од ноќевање): 20AED (5*) / 15AED (4*) / 10AED (3*)

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Деца од 0-2 год. плаќаат 25 € и немаат место во авионот
- Деца од 2-12 год. плаќаат за авио билет  (износот е променлив)  со седиште во авион,  добиваат попуст на хотелското сместување според условите на одбраниот хотел (информации во агенцијата)
- Трето возрасно лице плаќа авио билет  (износот е променлив) добива попуст на хотелското сместување според условите на одбраниот хотел (информации во агенцијата)
- Доплата за еднокреветна соба според условите на одбраниот хотел (информации во агенцијата)

НАПОМЕНИ:
- Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош
- Можна е доплата за време на настани и манифестации (информации во агенцијата)
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

Цената зависи од моментално расположливите места на aвио компанијата, како и расположливоста на хотелите.
Цената може да биде променета без претходна најава, при промена на цените од страна на хотелите или промена на курсот при размена на валути USD/EUR.

GALLERY