Во календарот на културни настани во југоисточна Европа, централно место во периодот на месец октомври веќе со децении има Меѓународниот Белградски саем на книга. Оваа регионална манифестација е посветена на книгите и се занимава со промоција на писатели, образование, културна размена со странски земји и движења поврзани со актуелни книжевни и друштвени прашања...

                                                         Хала 1, 1a, 2a, 2b, 2c i 4 
                                                        21 – 28. октомври 2018

 Поаѓање:
02:30 ч. Состанок на групата на паркингот спроти хотелот "Holiday Inn" во Скопје. 
03:00 ч. Поаѓање за Србија и Белград. Влез преку граничниот премин Табановце.
Во утринските часови пристигнување во Белград и паркирање на автобусот пред Белградски саем. Слободен ден за посета на Саем на книгата или прошетка низ градот... 

Враќање: 
17:00 ч. Состанок на групата кај Белградски саем и поаѓање кон Македонија. Попатна посета на шопинг центарот "ИKEA". Пристигнување во Скопје, во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1.500.00 ден.
термин: 27. октомври


ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО: 
- Автобуски превоз на дадената релација
- Придружник на патувањето 

НАПОМЕНА:
- За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 50 патници.
- Во цената не е вклучена влезница (250 rsd. ≈ 130 mkd.)
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и САВАНА