Индонезија, односно Република Индонезија, е држава која се наоѓа во југозападна Азија и е составена од околу 18.330 острови од кои 6000 се недопрени. Со над 238 милиони жители, Индонезија е четвртата најнаселена држава во светот. Индонезискиот архипелаг е важен трговски регион уште од 7 век кога империјата тргувалa со Кина и Индија. Локалните владетели постепено примиле од странските културни, религиски и политички модели и со тоа ја развивале својата држава. Историјата на Индонезија била под влијание на странските сили кои биле привлечени од природните ресурси на земјата. Прекрасната Индонезија може да се гордее со својата втора по големина шума во светот. Главните туристички атракции се наоѓаат во Џакарта, Бали, Јогјакарта Индонезија ги има сите потенцијали да стане глобален лидер, но таа е попречена од лошо образование и корупција.
                                          

                                            БАЛИ
БАЛИ е индонезиски остров и се наоѓа меѓу Јава на запад и Ломбок на исток. Ова е една од 33 покраини со главен град Денпасар на југот од островот. Бали воедно е најмалата покраина во Индонезија. Овој остров се протега на површина од 5. 780 06 км2, со околу 5,6 милјони жители. Просечната годишна температура изнесува 31 °C . Од Октомври до Април трае влажната сезона, а од Декември до Март можно е да има монсунски дождови, сувата сезона трае од Мај до Септември. Просечната температура на водата е околу 28 °C. Последните децении Бали стана една од најголемите и најпознати туристички дестинации во овој дел од светот. Бали содржи автентичност која го разликува од остатокот од Индонезија и преставува прекрасна дестинација за незаборавно уживање и одмор.
 
МЕСТА КОИ ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА ГИ ПОСЕТИТЕ >>>


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

1 ден: Полетување од Скопје во 11:55 часот, пристигнување во Доха 18:50 часот
2 ден: Полетување од Доха во 02:30 часот пристигнување во Денпасар во 17:30 часот
3 ден до 10 ден: Престој во избраниот хотел на база ноќевање со појадок, слободно време за индивидуални активности и одмор. 
11 ден: Полетување од Денпасар за Доха во 19:00 часот.
12 ден: Слетување во Доха 00:01 часот. Полетување од Доха за Скопје во 07:15 часот , пристигнување Скопје во 10:55 часот.


БАЛИ
ИНДИВИДУАЛНИ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ

ХОТЕЛИ Соби Услуга јануари февруари март април
Rama Phala Resort and Spa **** Ubud, Bali DBL Deluxe 7BB 875 875 875 875
Maya Ubud Resort & Spa ***** Ubud, Bali DBL Superior 7BB 1197 1197 1197 1197
Grand Inna Kuta *** Kuta, Bali DBL Deluxe 7BB 892 892 892 892
Ayodya Resort Bali **** Nusa Dua, Bali DBL Deluxe 7BB 965 965 965 965
Alila Seminyak *****  Seminyak, Bali  DBL Studio 7BB 1218 1218 1218 1218

* Цените се дадени по лице, изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 € = 62 мкд.)


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација Скопје -Доха- Денпасар 
- Авионски превоз на релација Денпасар - Доха -Скопје
- Аеродромски такси
- Сместување во одбраниот хотел на база на 7 BB (ноќевање со појадок)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- ***Трансфери од аеродром до соодветниот хотел.
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Доплата за еднокреветна соба според условите на одбраниот хотел (информации во агенцијата)

НАПОМЕНИ:
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- Цената е дадена по лице  за миниум 2 лица
-Цената зависи од моментално расположливите места на aвио компанијата, како и расположливоста по хотелите. 
- Цената може да биде променета без претходна најава, при промена на цените од страна на хотелите.

GALLERY