1 ден / 21.јули (петок)                 БИТОЛА – СКОПЈЕ - БУКУРЕШТ
Состанок на групата пред Градската автобуска станица во Битола во 14:30 часот. Поаѓање кон Скопје во 15.00 часот. Средба со останатите патници во 17:00ч. на паркингот пред хотелот "Holiday Inn” и продолжување на патувањето кон граничниот премин Деве Баир-Ѓуешево. Ноќно патување низ Бугарија, со попатни застанувања и одмори.
 
2 ден / 22.јули (сабота)               БУКУРЕШТ – ЈАШИ
Пристигнување на Бугарско-Романската граница во утринските часови, на граничниот премин Русе-Џурџу. Патување низ Влашката низина, до пристигнување во Букурешт околу пладне. Посета на Патријаршијата и поклонение пред моштите на Свети Димитриј Бесарабов. Слободно време за размена на валута и индивидуални активности. Во попладневните часови, патувањето продолжува кон градот Јаши. Пристигнување во вечерните часови. Ноќевање.
 
3 ден / 23.јули (недела)              ЈАШИ - КИЕВ
Појадок. Во утринските часови, присуство на Светата Божествена Литургија во Соборниот храм и поклонение на моштите на Св.Параскева (Св.Петка). По посетата на црквата Свети Три Јерарси, слободно време за кратка прошетка низ градот. Во попладневните часови, поаѓање за Киев – Украина. Ноќно возење со попатни застанувања и одмори. 
 
4 ден / 24.јули (понеделник)     КИЕВ – Печерска Лавра
Пристигнување во Киев во утринските часови. По сместувањето, организирана посета на познатиот манастир Печерска Лавра, како и на повеќето цркви и параклиси во неа. Ноќевање.

5 ден / 25.јули (вторник)            КИЕВ

Појадок. Присуство на Светата Божествена Литургија во Соборната црква и последователна посета на блиските и подалечните пештери во Киев и во Печерската Лавра. Ноќевање.
 
6 ден / 26.јули (среда)                 КИЕВ
Појадок. По присуството на Светата Божествена Литургија, посета на повеќето останати цркви и манастири низ градот Киев и неговата околина. Ноќевање.
 
7 ден / 27.јули (четврток)           КИЕВ – ПОЧАЕВ
Појадок. Присуство на Светата Божествена Литургија и заминување кон местото Почаев во посета на прочуениот манастир Света Почаевска Лавра. Пристигнување во вечерните часови и сместување.
 
8 ден / 28.јули (петок)                 ПОЧАЕВ
Наутро, посета на Соборниот храм и поклонение на чудотворната икона на Мајката Божја. Поклонение на стапалката на Пресвета Богородица, како и на моштите на светите Амфилохие и Јов Почаевски. Слободно време за индивидуални молитви и поклонение на другите светињи во Лаврата. Ноќевање.
 
9 ден / 29.јули (сабота)               ПОЧАЕВ – ЊАМЦ
После Светата Божествена Литургија во Почаевската Лавра, заминување кон Романската Света Гора – Њамц и тамошниот машки манастир, изграден во 13.век. Во него се чуваат двете чудотворни икони на Мајката Божја, моштите на преподобниот Пајсиј Величковски, главата на Св.Симеон дивногорец, како и мошти на непознат светител. Во овој манастир, монашки постриг примил и преподобниот Јован Хозевит, а во него денес се чуваат и дел од неговите свети мошти. Во вечерните часови, смесување во хотел и ноќевање.
10 ден / 30.јули (недела)            ЊАМЦ
Појадок. Утринска посета на манастирот Сихастрија, кој е еден од најголемите машки манастири во Романија. Присуство на Светата Божествена Литургија во него. Поклонение на чудотворните икони на Мајката Божја и на светите мошти на тамошните светители. Тука е и гробот на познатиот старец Клеопа и неговата некогашна монашка келија. Попладне, заминување кон Македонија. Ноќно возење со попатни застанувања и одмори.
 
11 ден / 31.Јули (понеделник)  СКОПЈЕ - БИТОЛА
Дневно патување преку Романија и Бугарија. Пристигнување во Скопје и Битола во вечерните часови.

Цена на аранжманот:             15.800,00 мкд

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотели, во Јаши (1НП), во Киев (3НП), во Романија (1НП), како и во манастирските конаци во Почаевска Лавра (2Н).
- Организирани посети според програмата, во придружба на духовно лице (теолог или вероучител)
- Организација и реализација на патувањето
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко и здравствено осигурување, за лица до 64 год.(295 мкд), за лица над 64-70 год.(590 мкд)
- Евентуални влезници за музеи и културно историски споменици (каде што е потребно)
- Неспоменати индивидуални трошоци за време на посетите, според лични потреби.
 
Напомени:
- При посета на црквите, мастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив. Во манастирите жените влегуваат со долго здолниште, а мажите со долги пантолони, а горната облека треба да е со ракави.
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници.
- За овој аранжман важат Општите услови на патување на САВАНА и СКТМ