Малта е прекрасна дестинација со тиркизно море, добри плажи, богато културно наследство, архитектура која воодушевува, голем избор на различни ресторани и локали за динамичен ноќен провод. На Малта се шири љубов и насмевка, прекрасна храна со европско, арапско и африканско влијание и вкусно локално вино. Валета, главниот град на Малта е заштитен од УНЕСКО, град во кој се наоѓа третиот најстар европски театар Manoel. Се е релативно близу, транспортната мрежа е исклучително организирана, така што без проблем се стигнува од едниот на другиот крај на островот.
     

МАЛТА, ГОЗО и КОМИНО

Република Малта е островска држава во Средоземно море која се состои од неколку острови од кои само три се населени: Малта, Гозо и Комино.
Во земјата живеат помалку од половина милион жители, но според површината, е една од најгусто населените земји во светот. 
Летувалишта: Valletta, Sliema, St. Julian's, Qawra, Bugibba, Mellieha

St. Julian's е најголемо и најпосетено туристичко средиште во Малта, со интересни згради и палати од времето на британското владеење, заливи, песочни и камени плажи... Paceville е средиште на ноќната забава со многу барови и дискотеки. Главниот град Валета е оддалечен десетина километри и е поврзан со автобуски линии.
Живописното туристичко место Sliema сместено на североистпчниот брег на Малта на 7 км од главниот град Валета, поврзан со локални автобуски линии. Sliema има 3 километарско шеталиште покрај море, опружено со згради и палати, одличен шопинг, кафичи, ресторани и спортски содржини. Со прошетка покрај море брзо се стигнува до St. Julian's.


1.ден (петок)           СКОПЈЕ – МАЛТА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:45 часот. Полетување за Малта во 06:10 и пристигнување во 07׃55 часот. Организиран трансфер и сместување во хотелот. Слободно време за уживање во убавините. Ноќевање. 

2. до 7.ден                 МАЛТА  
Престој во избраниот хотел. Денови за одмор и капење во море како “тиркизно кадифе”. За време на престојот во Малта се организираат факултативни излети...
 


8.ден (петок)            МАЛТА – СКОПЈЕ 
Појадок. Организиран трансфер до Аеродромот на Малта. Полетување за Скопје во 08:25 часот и пристигнување во 10:10 часот.


HOTEL GOLDEN TULIP VIVALDI **** (www.goldentulipvivaldihotel.com) се наоѓа во атрактивниот дел Paceville во St. Julian's, така што бројните клубови, ресторани и продавници се во негова непосредна близина. Во главниот ресторан храната се служи на принцип шведска маса, а хотелот има и бар со лесни јадења, затворен базен, џакузи и теретана кои се бесплатни. Користењето на сауна и турско купатило се со доплата. Во сите стандардни соби може да се сместат максимум 3 лица и имаат купатило со када или туш кабина, клима уред, балкон, телефон, сателитска ТВ, мини бар, фен. Сефот е на рецепција и е со доплата. Супериор собите со поглед на море се поголеми од стандардните соби и во нив може да се сместат 4 лица. На 100 метри оддалеченост од хотелот има плажа и на 300 метри автобуска станица.
 
          

HOTEL ALEXANDRA *** (www.alexandrahotelmalta.com) се наоѓа во центарот на St. Julian's, локација погодна за прошетки и забава покрај продавниците и рестораните. Хотелот располага со 188 соби со тераса и 22 апартмани распредени на 6 катови.  Сите стандардни соби се климатизирани, со купатило, балкон, сателитска ТВ, телефон. Сеф , фрижидер и фен се достапни на барање со соодветна доплата. Некои од собите гледат на базен, додека оние на повисоките катови имаат оддалечен поглед кон морето. Хотелот има надворешен базен и бар на највисокиот спрат со поглед на Средоземното море, затворен базен, џакузи и Спа центар, игротека и елегантно уреден модерен ресторан. На околу 500 метри оддалеченост од хотелот има плажа и на 300 метри автобуска станица.

          


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација: Скопје – Малта - Скопје со вклучени аеродромски такси
- Трансфер од Аеродромот на Малта до избраниот хотел 
- Сместување во избраниот хотел на Малта на база 7 ноќевања со појадок 
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)
- Професионална организација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Доплата за голема кабинска торба (со димензии 56х45х25см) 2.100 денари
или Доплата за багаж (1 торба/куфер со максимум 23kg) 5.000 денари
- Туристичка такса 0,5 евра на ден (се плаќа во хотелот на рецепција)
- Патничко – здравствено осигурување 395 денари

НАПОМЕНИ:
* За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 25 патници
* За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ
* Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.