ПРОГРАМИ И СТАНДАРДИ

Процесот на едукација во ТТЦ Скопје, не зависно од типовите на курсевите и обуките, е целосно во согласност со високите едукативни и професионални стандарди, пропишани од меѓународните асоцијации IATA и UFTAA. Поставен и реализиран, под мониторинг на единствениот IATA Институт, со седиште во Монтреал - Канада, овој процес на едукација е апсолутно ист како и во било кој друг овластен IATA тренинг центар во светот. Севкупната имплементација на процесот за обука и едукација на професионални кадри во туризмот и авио индустријата, е под целосен увид и надзор на IATA институтот и од нив овластените лица во регионот и во Република Македонија. Заокружениот процес на едукација, составен од предавања, вежби и проверки на стекнатите знаења, со полагања на предвидените испити за меѓународна диплома и сертификат во самиот ТТЦ центар, воедно е потврда и за неговата успешност во имплементирањето на профеионалните IATA и UFTAA стандарди.


КУРСЕВИ И ОБУКИ

- "IATA/UFTAA Foundation in Travel and Tourism"

- "IATA GDS Fares and Ticketing"

- "IATA Travel and Tourism Consultant"

- "SMART Course (Selling and Managing Airline Reservations and Travel)

- "IATA Managing the Travel Business"

"Front desk agent"

- "GDS Galileo by Travelport"



ПРЕДАВАЧИ

- Сите предавачи и инструктори во Травел тренинг  центарот во Скопје, се акредитирани од страна на "IATA Training and Development Insitute" од Монтреал, Канада. Нивната професионална и долгогодишна работа во авионската и патничката индустрија, придонесе токму тоа активното и квалитетно познавање на сопствената професија, успешно да го пренесуваат на помладите и идни колеги. Досегашниот значителен успех, изразен преку високиот процент на успешно едуцирани и сертифицирани кадри во туризмот, самиот го потврдува тоа. Во Травел тренинг центарот во Скопје, курсевите и обуките според програмата на "IATA Training and Development Insitute", ги реализираат овластените предавачи: Светлана Унковска, Величе Арсова и Ана Крстевска Каламадевска. 

- Во Травел Тренинг Центарот во Скопје, во соработка со регионалната канцеларија на "GDS Galileo Travelport" во Белград, а со овластување од европската дирекција во Лондон - В.Британија, се реализираат и актуелните предавања и обуки за работење со глобалниот дистрибуциски систем на авионската и патничка индустрија "Galileo by Travelport". Обуката според програмата на "GDS Galileo by Travelport", ја реализира овластениот предавач: Ирена Ничевска.