Формирањето на Tравел Тренинг Центарот (ТТЦ), се јави како потреба на туристичкиот сектор, за создавање на обучени и стручни кадри за специфичните потреби на туристичкото стопанство. Активностите на ТТЦ се насочени помеѓу образовните институции и деловните субјекти во туристичката индустрија. Замислата да се направи поврзување помеѓу стручните предавања и теоретски знаења стекнати во училиштата и на факултетите, со практичните знаења, искуства и вештини постигнати во професионалното работење во туризмот, се со цел да се обезбеди обучен кадар кој ќе биде спремен веднаш да се вклучи во квалитетно извршување на туристичките услуги кај деловните субјекти. Травел Тренинг Центарот, преку соодветни предавања, курсеви и обуки, овозможува стекнување на практични и применети знаења, неопходни за квалитетна и успешна работа во областа на туризмот.


TТЦ или Травел Тренинг Центарот во Скопје, се наоѓа во самиот центар на градот, на ул.Орце Николов бр.20 и во непосредна близина на главниот плоштад Македонија. Близината до сите позначајни институции, деловни субјекти и културно историски споменици, овозможува едноставна и брза комуникација со останатите делови од градот, како и со меѓуградскиот сообраќај до останатите делови од земјата. Близината на повеќето хотелско-угостителски објекти, дава можност за организирање на непосреден престој и исхрана, и за оние посетители на курсевите кои доаѓаат од другите градови во Македонија.


Просториите во Травел Тренинг Центарот, се опремени според највисоките стандарди за работење, поставени од меѓународните центри за обука и тренинг на кадри во туризмот и во патничкиот сообраќај. Училниците и предавалните, нивната квадратура и комфорност, е во согласност со предвидениот број на курсисти во секоја од нив поединечно. Пријатната атмосфера за работа, произлегува од нивната осветленост, топлина и свежина (опремени се со системи за загревање и со клима уреди), соодветните работни маси, компјутерска опрема на секое место, стабилен и брз (оптички) интернет, надгледните помагала (LCD екрани и магнетни табли), како и комплетната видео и аудио покриеност, која во паузите помеѓу предавањата ја дополнува релаксираната атмосфера. На услуга на курсистите е мини кујната и апаратите за топли и ладни пијалоци, како и информативната канцеларија со своите пунктови. ТТЦ центарот е опремен и со санитарен дел и одделни тоалети.

    

Овие училници се наменети за одржување на низа специлијализирани курсеви и обуки на кадри, кои треба да партиципираат во делот на агенцискиот туризам, како и во патничкиот промет во авиосообраќајот воопшто (IATA, UFTAA, GALILEO, AMADEUS...). Освен за овие курсеви, нивната техничка опременост овозможува и одржување на разни обуки за користење на глобалните системи за хотелски и транспортни резервации во туристичкото работење, како и за комјутерска едукација во користењето на разни софтверски програми во секојдневното користење на компјутерите.

  

Оваа училница е наменета за разни кабинетски предавања, од повеќе области кои ги опфаќа туризмот. Многуте курсеви и обуки кои се одржуваат во неа, се насочени со цел за приближување кон повисоките стандарди на професионалното работење во туризмот. Практичните предавања и тренинзи од областа на туризмот, во соработка со надлежните високошколски институции и туристички асоцијации, кабинетските обуки за лиценцирани водичи и придружници, во соработка со Здржението за туристички водричи и придружници на Македонија, како и специјализираните јазични курсеви за применета конверзација во туризмот, угостителството и транспортот, се само дел од многуте курсеви и обуки, во програмата на Травел Тренинг Центарот во Скопје.