Барселона – кралицата на Каталонија, освојува уште на прв поглед. Град со прекрасна архитектура и организираност, град кој го воодушеви Пикасо, градот на Гауди, Хуан Миро, Колумбо, Паељи, град на современиот дизајн, град на брегот на Средоземното Море, град кој го крие звукот на брановите и тајните на морнарите, град каде мирисот на морето Ве опива и заведува. Само еден ден, секако не е доволен да ја доживеете магичноста со која Ве мами оваа кралска убавица. Улицата Рамбла е најпознатата авенија не само во Барселона, туку и во цела Шпанија. Големиот Аквариум е втор по големина во Европа. Тука се и брдото Мон Жуик, катедралата Саграда Фамилија, стадионот Ноу Камп, Магичните фонтани..  Сите тие се само дел  од  најпознатите туристички атракции на оваа убавица, кои ќе допринесат Вашиот престој да се вреже длабоко во Вашите спомени. Дозволете убавите работи едноставно да бидат дел од Вас.

    

Топ 10 места од интерес:

1.  Саграда Фамилиа

2.  Големиот Аквариум

3.  Брдото Монжуик

4.  Ноу Камп

5.  Музејот на Пикасо

6.  Магичнaта фонтана

7.  Улицата Рамбла

8.  Делото на Антонио Гауди “Casa Mila”

9.  Паркот Гуел

10.Шпанско село

 

Comments (0)

LEAVE A COMMENT


captcha
All comments have to be authorized by the website administrators for publication, so please give us some time to authorize the comment before you see it published.