Венеција, градот од соништата. Зарем некој можел да помисли дека е возможно да се живее на вода?! Венеција е најспецифичниот град на светот, град-чудо. Низ вековите била најмоќното медитеранско пристаниште, а и денес нејзиното значење и влијание воопшто не е намалено. Венеција едноставно плени со своите разобојни палати, канали, безброј мостчиња, тесни улички, мали плоштади... Трагата на вековите што изминале е впиенa во секој нејзин дел. Посетете ја Дуждевата Палата и уверете се во моќта и сјајот на владетелите на Венеција. Мостот на Воздишките е врзан за многу легенди, но вистината за него е многу поинаква од првата љубовна асоцијација...  Црквата Св.Марко и огромниот истоимен плоштад се срцето на Венеција, каде што се почнува и завршува, па и волшебниот Венециски Карневал. Најголемата туристичка атракција сепак не е и најкарактеристичниот дел на градот. Симбол на Венеција, многу повеќе отколку златниот Св.Марко, e најромантичното превозно средство - гондолата. Дозволете си романтична прошетка со гондола низ живописните канали и невообичаен поглед на прекрасниот мост Rialto, кој ги поврзува шесте квартови наn Венеција, распослани на двете страни од Canal Grande... за момент застанете и запловете со мислите низ просторот и времето, можеби затскриени зад некоја раскошна венецијанска маска. Залудно е да се набројуваат имиња на уметници или морепловци, за да се долови големината на овој магичен град. Неговата големина, е самиот тој! Венеција, едноставно, мора да се доживее, а воодушевувањето гарантирано нема да изостане... Верона насекаде низ светот е асоцијација за љубов. Сагата за Шекспировите Ромео и Јулија оставила траен печат на овој град. Сепак, Верона има многу повеќе да понуди од само љубовен мит.
                             

Верона е непретенциозна, ведра, релаксирана, едноставно - пријатно изненадување. Токму во овој северно-италијански град се наоѓа втората по големина арена во Италија, после Колосеумот во Рим.  Арената во Верона е импозантно здание, во кое некогаш се одржувале гладијаторски борби, а денес е седиште на најголемите спектакли. Арената е лоцирана на еден од најпознатите плоштади во градот, Piazza Bra, простран плоштад преполн со барови и ресторани. Пешачка уличка Via Mazzini е срцето на градот и негов најелегантен дел. Таа ве води од последното “крило” на градските ѕидини до Piazza Erbe. Овој живописен плоштад истовремено е центар на значајни градби и скулптури, но и популарен градски пазар. Околу тезгите со разнобојни овошја и сувенири се наоѓаат многу познати скулптури, фонтани и зданија: Мадона Верона, Кулата Ламберти, прекрасната барокна палата Palazzo Maffei... Куќата на Јулија е најголемата туристичка атракција во Верона. Според некои историчари, куќата навистина припаѓала на фамилијата Капулети и датира од XIII век. Легендата вели дека за плодност треба да ја допрете десната града на статуата на Јулија, а за верност нејзината рака... Препорачуваме прошетка покрај реката Адиџе и поглед на градот од најубавиот мост, Понте Скалиџеро. Паузата за ручек искористете ја за порција паста на Ербе и потоа капучино на Бра, со поглед на Арената. Уживајте!
                                         

Comments (0)

LEAVE A COMMENT


captcha
All comments have to be authorized by the website administrators for publication, so please give us some time to authorize the comment before you see it published.