Малдивите или Малдивските Острови се островска земја која се состои од група атоли во Индискиот океан, југозападно од Индија и околу 700км западно од Шри Ланка. 26-те атолски групи на Малдивите содржат во себе 1.192 островчиња, од кои околу 280 се населени - 200 со домашно население и 80 со хотелски комплекси. Малдивите се најмала земја и намалубројна земја во Азија.Малдивите се познати по своите природни убавини - син океан, бели плажи и умерени температури. Температурите на водата и воздухот се околу 30°С во текот на целата година.Главни индустрии се туризмот и рибарството.Природните убавини се магнет за туристите и најважна индустрија на Малдивите. Поради прекрасните подводни корални пејсажи, Малдивите се рангирани како една од најдобрите дестинации за нуркачите во светот.

            

Еден типичен туристички комплекс на Малдивите се состои од ексклузивен хотел на сопствен остров, населен исклучиво со туристи и хотелските работници, без друго локално население. Островите на кои се наоѓаат хотелите се со димензии 800 на 200 метри, составени од песок и корали, со максимална височина од 2м над нивото на морето. Плитката вода на лагуните околу островот служи како природен аквариум и пливачки базен и ги штити гостите од океанските бранови и струи.
Зградите на типичен комплекс се ниски, еднокатни или приземни, и секој хотел има ресторани, бањи, продавници, барови, диско, простории за спортски активности, и школа за нуркање. Дел од островот (обично средината) е наменет за живеалишта за персоналот, кујни, генератори, перални, станица за пречистување на отпадни води.
Хотелите нудат разни екскурзии и други видови на забава: излет со подморница, со хидроавион, рибарење, лов на сабјарки и др. До и од комплексот се патува со брзи глисери.

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
НАСЕЛЕНИЕ: 396.300 (2009)
ГЛАВЕН ГРАД: МАЛЕ(околу 104.403 жители)
ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ: На 26 јули 1965 год. Малдивите добиле целосна независност. Малдиви на 11 ноември 1968 год. прогласија република
РЕЛИГИЈА: ислам
ЈАЗИК: малдивски (дивехи)
ВАЛУТА: руфија
ВРЕМЕНСКА РАЗЛИКА: ГМТ +5:00

Малдивите се најниска земја на светот - најголемата висина на копното над морето е 2,3м. Во текот на минатиот век нивото на морето се има подигнато за околу 20см, и доколку тој тренд продолжи, се заканува со потопување на островите.Покрај тоа, Малдивите се многу чувствителен еко-систем поради тоа што коралите кои се клучен фактор за ланецот на исхраната на морскиот свет страдаат од зголемувањето на температурите и од човечкото уништување.

При посета на главниот град или локалните острови мажите не треба да носат кратки панталони а жените во кратки сукњи, колената и рамениците треба да бидат покриени.
Во туристичките ресорти не е потребно плаќање во локална валута.
Може да се плаќа во готовина со Евра или Американски долари и со кредитни картички. Co oглед на тоа дека Малдиви е исламска земја, топлес и нудизам се строго забранети, прекршците се плаќаат со големи суми.Поседување или внес на нелегални наркотици најстрого се казнува.
Внес на алкохолни пијалоци, преработки од свинско месо, списанија со несоодветни содржини, оружје, харпун е забрането.
Јавно покажување на било која друга вера освен исламот е забрането.
Забранети се религиозни сувенири.                              

                                                                    МАЛЕ
Мале (се изговара: „Маале“) е главен град и најголем град (во однос на населението) во Република Малдиви. Во градот живеат 103.693 . Градот се наоѓа во јужните делови од атолите Кафу, на истоимениот осторв Мале. Градот е дел од административната поделба на Малдивите. Според традицијата. градот е кралот на островот, каде што античката малдивска кралска династија владеела и каде што се наоѓала палатата. 

ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПОСЕТИ ВО МАЛЕ
- Хукуру Мискиј“ или Петочната џамија е една од страна на еден од најпознатите и најхаризматични владетели, султанот Ибрахим Искандар I во средината на 17. век.Со златна купола доминира во небото над Мале.
-Претседателската палата
-Исламски центар
-Султан парк и музеј
-Гробница Абу Бар Барака.

АТРАКЦИЈА И ИЗЛЕТИ
-Главниот град Мале
-Населените острови – скоро секој ресорт нуди полудневен излет до некој од населените острови на Малдиви, кај што може да се види како изгледаат нивните мали градови, да се купат рачно направени сувенири и да се запознае локалното население
- Фото тура со авион – поголем број од ресортите исто така нудат 30 минутно возење со авион со цел подобро да види околината и да се направат фантастични фотографии.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
1 ден    Полетување од Скопје во 12: 15 часот, пристигнување во Доха во 18: 15 , Полетување од Доха во 02: 25 часот, слетување во Мале  во 09:00 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

2 ден до 9 ден Престој во избраниот хотел според табелата , слободно време за индивидуални активности и одмор. 

10 ден. Трансфер до аеродром. Полетување од Мале  во 20: 20 часот , слетување во Доха  во 22:55 часот, пристигнување Скопје наредниот ден во 11:15 часот.


     Цените се изразени во ЕUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR=62 MKD)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација  Скопје - Доха - Мале - Скопје  - Аеродромски такси
- Сместување во хотел и услуга по избор од табелата на 8 ноќевања
- Повратен трансфер од аеродром Мале до соодветниот хотел (со хидроавион или брз глисер, соодветен според хотелот)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Доплата за еднокреветна соба според условите на одбраниот хотел (информации во агенцијата)
 
НАПОМЕНИ:
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- Цената е дадена за миниум 2 лица

Цената зависи од моментално расположливите места на aвио компанијата, како и расположливоста по хотелите.
Цената може да биде променета без претходна најава, при промена на цените од страна на хотелите.