Обединетите Арапски Емирати се федерација од седум емирати, поставени на влезот на персискиот залив, на југоисточниот дел на Арапскиот полуостров во југозападна Азија. Емират претставува политичка територија управувана од страна на династички арапски монарх, наречен Емир. Повеќето Емирати денес се исчезнати и се интегрирани во една поголема држава или ја имаат сменето титулата на владетелот (Малик, Султан..). Главен град на ОАЕ и втор по големина е Абу Даби, а најголем е Дубаи. Претседателската и премиерската функција е наследна, во моментов претседател е емирот на Абу Дабу – Калифа бин Зајед ал Нахјан, а премиер е емирот на Дубаи – Мухамед бин Рашид ел Мактум или познат како шеик Мухамед. 

Обединетите Арапски Емирати
1. Абу Даби (Abu Dhabi) 
2. Аџман (Ajman)
3. Дубаи (Dubai)
4. Фуџејра (Fujairah)
5. Рас ел Хајма (Ras al Khaimah)
6. Шарџа (Sharjah)
7. Ум ел Кајвајн (Umm al-Qaiwain

        

Дубаи 
 Дубаи – е дел од седумте емирати кои ги формираат Обединетите Арапски Емирати. И покрај тоа што Абу Даби е главниот град, денес главната туристичка атракција поставена на персискиот залив на југоисточниот дел на Арапскиот полуостров, е токму Дубаи. Тој вушност наликува на независен град – држава и е несомнено најмодерниот и најпрогресивниот од седумте емирати. Карактеристична е пустинска или суптроспка клима, и освен во лето кога температурата може да достигне и до 49 степени, во остатокот од годината ужива исклучително пријатна клима, со температура од 20 - 35 степени. Локална валута е дирхам 1 EUR = (околу) 5 AED. По лансирањето на метрото како јавно превозно средство, Дубаи го добива веројатно најдобриот јавен транспорт на Средниот Исток. Метрото е се' уште во изработка и во моментов се активни 2 линии. Сите возови и станици се климатизирани и интересен е фактот што метрото во Дубаи е првата урбана железница на Арапскиот полуостров. Автобускиот превоз има широко развиена мрежа на 193 утврдени маршути, додека трамвајот е се' уште во изградба. Низ градот може да се движите и со такси кое е лесно достапно и вози по однапред утврдени идентични цени на сите такси компании. Како релативно нова туристичка дестинација, Дубаи носи одлика на однапред спремен град, во потрагата да ги задоволи апетитите на секој модерен турист. Тоа се должи на фактот што шеикот Мактум, одлучил сите свои приходи од производствто на нафта да ги вложи во туризам, по што Дубаи доживува вистински туристички бум и станува една од омилените туристички дестинации на сите оние кои сакаат да го истражат мистичниот исток и да уживаат во луксузот и песочните плажи. Дубаи е во главно пустински град со извонредна инфраструктура и атипично во споредба со регионалните стандарди има полиберални правила, заради што станува популарна дестинација и нуди одлични туристички погодности. Близината до европското копно го прават одлична дестинација, дури и за краток престој. Заради квалитетниот животен стандард во последните години градот бележи и највисока стапка на доселеници во светот. Денес, со познатата плажа Џумеира, бројните шопинг центри, традиционалните и автентични арапски пазари, модерните облакодери и луксузните хотели, претставува вистинска туристичка оаза вО пустината.
  

 ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
1 ден.                        Скопје – Дубаи
Полетување од Скопје во 13:05 часот (FZ792), слетување во Дубаи во 21:00 часот. Трансфер до хотелот и сместување.Ноќевање.
2 ден до 3/4/7 ден.        Дубаи
Престој во избраниот хотел на база на ноќевање со појадок, слободно време за индивидуални активности и одмор.
4/5/8 ден.                 Дубаи – Скопје
Трансфер до аеродром во раните утрински часови. Полетување од Дубаи во 09:15 часот (FZ791), слетување во Скопје во 12:15 часот.    
         
Цените се дадени по лице за пакет аранжман во двокреветна соба.
Цените се изразени во ЕUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR=62 MКД)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација  Скопје - Дубаи - Скопје (авиокомпанија "Fly Dubai")  - Трансфери во Дубаи: аеродром - хотел - аеродром 
- Сместување во одбраниот хотел  на 3/4/7 ноќевање
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Аеродромски такси во износ од 50 € (износот е променлив)
- Туристичка виза за ОАЕ 85 €
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Деца од 0-2 год. плаќаат 25 € и немаат место во авионот 
- Деца од 2-12 год. плаќаат за авио билет  (износот е променлив)  со седиште во авион,  добиваат попуст на хотелското сместување според условите на одбраниот хотел (информации во агенцијата)
- Трето возрасно лице плаќа авио билет  (износот е променлив) добива попуст на хотелското сместување според условите на одбраниот хотел (информации во агенцијата)
- Доплата за еднокреветна соба според условите на одбраниот хотел (информации во агенцијата)
НАПОМЕНИ: 
- Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош
- Можна е доплата за време на настани и манифестации (информации во агенцијата)
Цената зависи од моментално расположливите места на aвио компанијата, како и расположливоста на хотелите.
Цената може да биде променета без претходна најава, при промена на цените од страна на хотелите или промена на курсот при размена на валути USD/EUR.