Куба (шпан. Repъblica de Cuba) — најголемата островска земја во групата на Големите Антили. Таа од сите страни е опколена со водите на Атлантскиот Океан на исток, Мексиканскиот Залив на север и Карипското Море на југ.
Куба има тропска клима со постојани температури на воздухот од 25°С. Со своите долги песочни плажи и водените површини со неверојатна сина боја, секоја година примамува милион туристи од целиот свет. Најголемото и најпознатото место Варадеро, го посетуваат 1 милион странски туристи годишно. Варадеро е ексклузивниот дел на Куба со прекрасни плажи. Сместен е на полуостровот Хикакос, на околу 140 км источно од Хавана. Варадеро претставува најголем комплекс од ресорти на Карибите, со голем број на ресторани и хотели. Поради преубавите бели, песочни плажи и море што остава без здив, останува меѓу најпопуларните туристички места на светот.

Излети Варадеро: 
БАЗЕН СО ДЕЛФИНИ преставува главна атракција, посебно популарна кај децата. Делфините заедно со своите тренери со многубројните перформанси ке Ви приредат незаборавна атракција (сокање низ обрач и различни скокови во вода.)
КУЛАТА ВО ВАРАДЕРО
ПАРКОТ "Josone"  со својата зелена оаза со палми и вештачкото езеро привлекува голем број посетители. Во овој парк ќе имате можност да јавате коњи, да пловите со чамец  по  езерото. Во склоп на овој парк се наоѓа куглана и стрелана.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
1 ден Полетување од Скопје во 05:45 часот, пристигнување во  Загреб 07: 05, полетување кон  Франкфурт во 07:45 часот, пристигнување во 9:15 часот.  Полетување од Франкфурт во 11:50 часот, слетување во Варадеро.во 16:40 часот.  
2 ден до 10 ден Престој во избраниот хотел на база all inclusive се вклучено, слободно време за индивидуални активности и одмор. 
11 ден  Полетување од аеродромот во Варадеро во18:00 часот
12 ден  Слетување во Франкфурт во 14:45 , полетување кон Загреб во 18:00часот, пристигнување во19:25 часот. Полетување за Скопје во 21:15 часот, пристигнување Скопје во 22:45 часот.

КУБА
ИНДИВИДУАЛНИ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ
 
ХОТЕЛИ Соби Услуга јануари  февруари  март   април
GRAN CARIBE CLUB KAWAMA *** Varadero DBL Standard 10AI 1436 1436 1436  1284
MEMORIES VARADERO BEACH RESORT **** Varadero DBL Economy 10AI 1604 1659 1816  1414
IBEROSTAR BELLA VISTA VARADERO ***** Varadero DBL Standard 10AI 1672 1720 1720  1541
IBEROSTAR LAGUNA AZUL **** Varadero DBL Standard  10AI 1622 1688 1688  1510
BE LIVE EXPERIENCE LAS MORLAS *** Varadero DBL Standard 10AI 1935 1935 1935  1599
H10 OCEAN VARADERO EL PATRIARCA ***** Varadero DBL deluxe 10AI 1760 1845 1845  1573
MELIA LAS ANTILLAS **** Varadero DBL Economy 10AI 1799 1729 1729  1608
MELIA VARADERO **** Varadero DBL Standard  10AI 1845 2000 2000  1742
 * Цените се дадени по лице, изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 € = 62 мкд.)

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација  Скопје - Загреб - Франкфурт- Хавана
- Авионски превоз на релација Варадеро - Франкфурт - Загреб -Скопје
- Аеродромски такси
- Сместување во одбраниот хотел на база на 10 ноќевања на all inclusive (се вклучено)
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- ***Трансфери од Хавана до Варадеро
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
- Излезна такса од Куба 25 EUR – на аеродром , при излегување од Куба

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Доплата за еднокреветна соба според условите на одбраниот хотел (информации во агенцијата)
 
НАПОМЕНИ: 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- Цената е дадена за миниум 2 лица

Цената зависи од моментално расположливите места на aвио компанијата, како и расположливоста по хотелите. 
Цената може да биде променета без претходна најава, при промена на цените од страна на хотелите.

 

GALLERY