Името „Куба“ потекнува од јазикот таино и името може да се преведе како „место каде плодната земја е во изобилство“ што на таино би било „кубао“ или како „големо место“ („коабана“). Покрај ова тврдење, потои уште едно кое тврди дека кога Кристофер Колумбо пристигнал на островот го именувал според стариот град Куба во Португалja. 
   

Куба (шпан. Repъblica de Cuba) — најголемата островска земја во групата на Големите Антили. Таа од сите страни е опколена со водите на Атлантскиот Океан на исток, Мексиканскиот Залив на север и Карипското Море на југ.
Куба има тропска клима со постојани температури на воздухот од 25°С. Со своите долги песочни плажи и водените површини со неверојатна сина боја, секоја година примамува милион туристи од целиот свет. Најголемото и најпознатото место Варадеро, го посетуваат 1 милион странски туристи годишно.
 
Куба е прекрасна дестинација за семеен одмор затоа што станува збор за безбедно, природно место и има многу културни знаменитости кои што вредат да се видат.  Пристапот до интернет е исклучително скап. Имено, еден час користење на интернет чини 6 долари, а неколку долари поскапо е користењето на безжичниот интернет. Исто така, сосема мал број на хотели нудат интернет во својата понуда.
 
Во Куба, за само 40 центи можете да се возите во Форд, Шевролет или друг американски автомобил кој е постар од вас, а можеби и од вашите родители. Во 1962 година, Америка щ забранува на Куба увоз и извоз на автомобили, па Кубанците, поради тоа што не можеле да ги одржуваат своите автомобили, морале ги „паркираат“ за некои подобри времиња. Поради тоа што се добро зачувани, овие автомобили претставуваат вистинско богатство за своите сопственици.         
                                           
                                                      ВАРАДЕРО
 
Варадеро е ексклузивниот дел на Куба со прекрасни плажи.
Сместен е на полуостровот Хикакос, на околу 140 км источно од Хавана.
Варадеро претставува најголем комплекс од ресорти на Карибите, со голем број на ресторани и хотели, 
Поради преубавите бели, песочни плажи и море што остава без здив, останува меѓу најпопуларните туристички места на светот.
    
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
1 ден. 
Полетување од Скопје во 05:45 часот, пристигнување во  Загреб 07: 05, полетување кон  Франкфурт во 07: 40 часот, пристигнување во 09:15 часот.  Полетување од Франкфурт во 14: 55 часот, слетување во Хавана во 19:50 часот.  ***Tрансвер од аеродром Хавана до хотел во Варадеро.
2 ден до 10 ден.
Престој во избраниот хотел на база all inclusive се вклучено, слободно време за индивидуални активности и одмор.
11 ден.                    
***Трансфер до аеродром во Хавана. Полетување во 21:45 часот , слетување во Франкфурт во 13:50 наредниот ден , полетување кон Загреб во 18:00 часот, пристигнување во19:25 часот. Полетување за Скопје во 22:10 часот, пристигнување Скопје во 23:25 часот.
   
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација  Скопје -Загреб - Франкфурт - Варадеро - Франкфурт - Загреб -Скопје
- Сместување во одбраниот хотел на база на 10 ноќевања на all inclusive (се вклучено)
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- ***Трансфери од Хавана до Варадеро
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
- Излезна такса од Куба 25 EUR – на аеродром , при излегување од Куба

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Доплата за еднокреветна соба според условите на одбраниот хотел (информации во агенцијата)
 
НАПОМЕНИ: 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- Цената е дадена за миниум 2 лица

Цената зависи од моментално расположливите места на aвио компанијата, како и расположливоста по хотелите. 
Цената може да биде променета без претходна најава, при промена на цените од страна на хотелите.