01. ден      СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА, АЛАЊА, СИДЕ, БЕЛЕК или КЕМЕР

Состанок на групата на аеродромот во Скопје и предавање на багажот 2 часа пред полетување. Лет за Анталија (според табелата). Пристигнување на аеродромот во Анталија. Средба со претставниците на агенцијата и трансфер со автобус до хотелот во крајните дестинации (Анталија или Алања). Доколку има можност за утринско превземање на собите, сместувањето ќе биде по пристигнување во хотелот, доколку нема, багажот се остава на рецепција, а се користат услугите наведени во ваучерот. Собите се превземаат по 12:00 часот.

од 02. до 06./09./10. или 13. ден  АНТАЛИЈА, АЛАЊА, СИДЕ, БЕЛЕК или КЕМЕР
Денови за одмор со престој во хотели (по сопствен избор од каталогот), лоцирани во Анталија, Алања, Сиде, Белек или Кемер. Комуникација со локалните представници на агенцијата за евентуални факултативни излети, анимации и посети.

07./10./11. или 14. ден  АНТАЛИЈА, АЛАЊА, СИДЕ, БЕЛЕК или КЕМЕР - СКОПЈЕ
Напуштање на собите до 12:00 часот. Багажот се остава на рецепција и се користат услугите наведени во ваучерот. (За дневно користење на собите до времето за трансфер, доколку има можност, може да се доплати на рецепција.) Слободно време за индивидуални прошетки до заминување на аеродромот во Анталија во вечерните часови. Предавање на багажот на аеродромот, два часа пред полетување. Лет за Скопје, според табелата. Пристигнување во Скопје следниот ден наутро.

НАПОМЕНА:
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ, ДА СЕ ПРОВЕРИ (ВО АГЕНЦИЈАТА) ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ОД СКОПЈЕ !!!

НАПОМЕНА: 
ПРИ ПАТУВАЊЕ ВО ТУРЦИЈА, ПАТНИТЕ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА БИДАТ ВАЛИДНИ, НАЈМАЛКУ 6 (ШЕСТ) МЕСЕЦИ, ОД ДЕНОТ НА ВЛЕЗ ВО ЗЕМЈАТА - ТУРЦИЈА !!!

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
 * Превоз со авион на релација Скопје – Анталија – Скопје, со компанијата “SunExpress”.
 * Аеродромски такси во Скопје и Анталија
 * Услуга на сместување во избраниот хотел на база на избраната услуга за време на избраниот  
    термин, според табелите во ценовникот.
 * Трансфер Аеродром – хотел – Аеродром.
 * Услугите на претставникот на организаторот или партнерот на дестинацијата.
 * Трошоци за организација на програмата.
                                                                                 
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
 * Задолжително патничко осигурување.
 * Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
 * За дете од 0 до 2 години не се плаќа и нема седиште во авионот, 
 * Попустите за деца и за трето лице, важат при сместување со две возрасни лица

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62,0 ден. за 1 ЕВРО.
* За резервација потребна е аконтациска уплата од минимум 30% од вкупната цена на аранжманот, 
  освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Early Booking, специјални понуди итн...), а   останатиот износ се плаќа најдоцна 14 дена пред започнување на аранжманските услуги.
* За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и ASA Tour

ПРЕПОРАЧУВАМЕ:
* Проверете ги сатниците на полетување 24 часа пред објавеното - планирано време на полетување.
* Сите сатници-времиња во табелите се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. 
Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. 

Понудата во ова издание се однесува на ограничен број места. Организаторот не одговара за евентуални ненамерни грешки настанати при техничката подготовка. Организаторот го задржува правото на промена на цените согласно Општите услови на патување.