Занзибар е полуавтономна област и остров во Индиски Океан, покрај источниот брег на Африка, кој е составен дел на Танзанија. Најголемиот град на островот е истоимениот Занзибар. Островот е административно поделен на три региони - северен, јужен и западен. Во состав на областа се и островот Пемба и низа помали од него. Изграден е претежно од корални гребени, а географската ширина, малата надморска височина од 125 метри и монсунските дождови ја одредуваат климата. Овде просечната температура во јануари е 28, а во јули 23 Целзиусови степени.Мирисот на ванила, цимет и какао слободно можат да се наречат и мириси на Занзибар. Овој остров е познат по своите зачини и по тиркизното море, кое во комбинација со белиот песок нѐ поттикнува да се чувствуваме како да сме залутале во своите најубави соништа. Откако ќе го посетите природното живеалиште на делфините и ќе ги видите локалните села, со куќи од камен и кал, плантажите со зачини и ќе го запознаете подводниот свет, каде што можат да се сретнат баракуди, туни, сипи, јастози и повеќе стотици видови разни други риби, слеаноста со природата сигурно ќе ви остави најголем впечаток.
И самото негово име е полно со егзотика, бидејќи според милиони туристи што биле тука, Занзибар е остров од бајките. 
Сепак, Занзибар има мрачно минато за кое многумина не знаат. Тоа е врзано за робовите, од кои повеќето завршиле во Велика Британија и во Америка. Во градот сѐ уште постојат старите фарми за робови. За туристите Занзибар е евтино место со прекрасни плажи, кои го прават рај на Земјата. 
Занзибар денес е место што важи за една од најромантичните дестинации за незаборавен меден месец. Овде можете да пронајдете прекрасни хотели на самата плажа и удобни приватни куќи, кои ќе ве остават без здив со својата убавина.

 
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
1 ден Полетување од Скопје во 12:15  часот, пристигнување во Доха во 18:15 h.Бесплатно ноќевање во Доха во хотел со 4* и 5* од страна на Qatar Airways.  Полетување од Доха во наредниот ден во 08: 45 часот, слетување во Занзибар  во  15:00 часот. 
2 ден  Пристигнување во Занзибар. Трансфер до хотел  и сместување. Ноќевање. 
3 ден до 11 ден   Престој во избраниот хотел на база на избраната услуга. Слободно време за индивидуални активности, одмор или некои факултативни излети. 
12 ден    Трансфер до аеродромот во Занзибар. Полетување во 16:00 часот , слетување во Доха во 00:30  , пристигнување во Скопје наредниот ден во 11:15 часот.

                      Цените се изразени во ЕUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR=62 MKD)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Сместување во избраниот хотел на 10 ноќевања на база на избраната услуга според табелата во ценовникот.
- Аеродромски такси.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Трансфери од аеродром Занзибар до соодветниот хотел.
- Патничко осигурување.
- Индивидуални трошоци.

НАПОМЕНИ: 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- Цената е дадена за миниум 2 лица

Цената зависи од моментално расположливите места на aвио компанијата, како и расположливоста по хотелите. 
Цената може да биде променета без претходна најава, при промена на цените од страна на хотелите