* Што е тоа SAVANA Travel Club ?!
 Овој клуб всушност претставува, клуб на корисници на услугите на Туристичката агенција Савана или поточно, на нејзините туристички аранжмани. Членувањето во овој клуб е слободно како за секој поранешен, така и за секој потенцијален и иден корисник на споменатите услуги на Туристичката агенција Савана од Скопје.

* Зошто е потребен SAVANA Travel Club ?!
 Секогаш поаѓајќи од интересот на своите странки, како во минатото така и денес, Туристичката агенција Савана се труди да го најде вистинскиот мотив за дополнително стимулирање на нивниот интерес, како и на сопственото возвраќање со благодарност, за нивната лојалност и континуитет во искажаниот интерес кон нејзините услуги. Повеќето анализи, како и спроведените анкети помеѓу големиот број на сопствени корисници, Савана ја поттикнаа да ја реализира оваа веќе неколку години планирана идеа.

* Кои се основните придобивки, за членството во SAVANA Travel Club ?!
 Самото членување во овој клуб на лојални корисници, воедно носи и одредени стимулации и придобивки за неговите членки. Во динамиката на денешницата, постојаниот недостаток на слободно време за себе, неможењето навреме да се следат сите информации и новини, потребата од изнаоѓање на најповолни опции за сопствените планови и лични трошоци, можноста за непречена комуникација и професионална консултација при донесување на личните одлуки за користење на туристичките аранжмани, поволностите при плаќање на услугите кои стануваат се' понедостапни... се само основните придобивки, со зачленувањето во SAVANA Travel Club.

* Што друго се добива, со зачленување во SAVANA Travel Club ?!
- Со зачленувањето во клубот, секој негов член се здобива со статусот на членство и со единствен идентификациски број, кој овозможува и низа поволности кои одат со него.
- Статусот на член во клубот, му обезбедува континуирано и непречено добивање на сите потребни информации поврзани со туристичката понуда на агенцијата Савана. Во тој контекст се подразбира, освен преку веб страницата, редовно добивање на сите најнови информации и преку електронскиот информатор "Newslеtter", електронската пошта "email", преку социјалните мрежи "Facebook", "Twiter", "Instagram", "Youtoube" на Савана, како и преку повеќегодишното печатено издание - информаторот TRAVEL info.
- Секој член на клубот, воедно добива можност како потенцијален корисник, да ги користи и сите објавени попусти во програмата на Савана. Освен нив, тој се стекнува со право и за низа дополнителни или посебни попусти, кои ќе се однесуваат само за членовите на SAVANA Travel Club. Користењето на клубските попусти, секојпат ќе биде објавено при самата презентација на туристичките аранжмани и услуги. Попустот секојпат ќе претставува намалување на објавената цена на аранжманот, или пак ќе биде пресметан во веќе објавената цена на истиот, а која ќе се однесува само за членовите на SAVANA Travel Club.
- Членовите на SAVANA Travel Club, се стекнуваат и со дополнителни можности за користење на попусти и бенефиции, при користење на услугите кај трети лица (партнерите на SAVANA Travel Club), во земјава или во странство. За тие можности, членовите на клубот ќе бидат информирани преку споменатите електронски и печатени информатори, а нивното користење ќе го реализираат со едноставна употреба на посебната SAVANA Travel Club картичка.
- Континуираното и активно членување во SAVANA Travel Club, ќе овозможува и низа дополнителни попусти и придобивки кои развојно ќе создаваат можности за нивна имплементација. Низата промотивни аранжмани, организирани манифестации и настани, кои ќе бидат посветени само за најактивните членови на овој клуб, дополнително ќе ја потврдуваат основата за неговото постоење и намена - Благодарност кон лојалноста на странките, на Туристичката агенција САВАНА.

* Заленување во SAVANA Travel Club ?!
- Во овој клуб, доброволно може да се зачлени секој полнолетен граѓанин, државјанин на Република Македонија или странец, кој воедно бил или ќе биде корисник на туристичките аранжмани и услуги на агенцијата Савана.
- Самата постапка за зачленување е едноставна и истата може да се спроведе во просториите на Туристичката агенција Савана, кај нејзините овластени агенти - туристичките агенции во земјава, преку интернет страницата на Савана, по пошта или со допис на нашата e-mail адреса.
- Зачленувањето во SAVANA Travel Club е индивидуално и истото не е преносливо на трети лица. При зачленувањето, странката е должна да пополни Пристапница за членство, со точно наведување на сите лични податоци потребни за понатамошно функционирање на клубот. Личните податоци на членките на клубот, како и на сите останати странки, се деловна тајна на агенцијата Савана и истите се заштитени од секаква злоупотреба. Савана се обврзува, нивното користење да биде исклучиво и согласно со потребата на странките за користење на аранжманите и услугите при патување преку Туристичката агенција Савана. Користењето на бенефициите и попустите произлезени од членството во клубот, не се преносливи на трети лица, освен доколку истите не патуваат заедно со членот на клубот и се составен дел од неговиот договор за патување.
- Зачленувањето во клубот е еднократно и бесплатно. Истото подразбира првичен период од дванаесет месеци, или  поточно од датумот на зачленувањето до последниот ден во тековната година. Пред истекот на членството, доколку членот посака тоа да прекине или пак да продолжи, доволно е само лично да го потвди тоа. Во спротивно, членството во клубот автоматски продолжува.
- Евентуалното финансиско партиципирање од страна на членовите, кое би произлегло од тековните активности и проекти на SAVANA Travel Club, исклучиво би било доброволно и истото нема да влијае на основниот статус на членството во клубот. Износот за годишна претплата и за дистрибуцијата преку пошта, на специјалните изданија на "TRAVEL info" и на "SAVANA Travel Club", како и за евентуална изработка на членска картичка која има поширока примена, ќе биде исклучиво по барање на членките и истиот ќе биде пресметан исклучиво врз основа на реалниот трошок кој при тоа паѓа на терет на работењето на SAVANA Travel Club.

САВАНА доо - Скопје