1. ДОГОВОР ПОМЕЃУ КОРИСНИКОТ и САВАНА
 Со користење на овие web страници, односно услугите кои се наведени, Вие ги прифаќате условите, информациите и известувањата кои се објавени. Доколку не се согласувате со условите не ги користете овие страници.

2. ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА
 Савана доо ја почитува Вашата приватност и работи според следните начела:
Напоменуваме кога ни се потребни Вашите лични податоци. Ги проследуваме податоците до трето лице давател на услугата која ја резервирате или ја плаќате преку Савана доо. Истотака ги користиме Вашите лични податоци за обработка на Вашите барања во рамките на системот на резервации на Савана и повремено да Ве известиме за новините кои се однесуваат на услугите на Савана доо. 
 Заради точноста на Вашите податоци во моментот кога побарувате наша услуга или друга информација Ве молиме да не известите доколку дојде до промени во Вашите лични податоци или доколку погрешно се внесени.
 Доколку забележите дека Савана доо не постапува според овие начела или ако имате било каква друга забелешка на начинот на работење, известете не на info@savana.com.mk заради итна корекција на евентуалите пропусти односо решавање на проблемнот во што покус рок.

3. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЛИЧНО, НЕКОМЕРЦИЈАЛНО КОРИСТЕЊЕ
 Овие web страници се наменети за корисниците за лична, некомерцијална употреба. Не е дозволено менување, копирање, дистрибуција, прикажување, објавување или на кој било друг начин пренесување и продавање на било која информација, услуга или производ кој е објавен на овие страници.

4. СОПСТВЕНОСТ НА СОДРЖИНИТЕ
 Содржините на овие web страници се сопственост на Савана доо, 1000 Скопје, ул. Орце Николов 20, освен дел од фотографиите кои се користат во комерцијални цели, а на барање на авторот или сопственикот ќе бидат повлечени од страниците (доколку не се постигне друг договор).

5. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА
 Информациите на овие страници се сметаат за исправни во моментот на внесување, Сите податоци редовно ќе се прегледуваат, а евентуалните грешки веднаш ќе се одстрануваат. Савана доо го задржува правото да ги менува податоците на овие страници без посебно известување.

6. ЗАБРАНЕТО ИЛЕГАЛНО КОРИСТЕЊЕ
 Со користењето на овие web страници се обврзувате добиените информации да не ги користите за забранњети нелегални цели и дејствија.

7. ЛИНКОВИ НА СТРАНИ НА ТРЕТИ ЛИЦА
 Овие страници можат да содржат “линкови” на страници на други фирми и лица. Тие линкови се само за Ваша информација, а Савана не носи одговорност за точноста на информациите и содржината на тие страници.

8. ПРОМЕНА НА ОВИЕ И ДРУГИ УСЛОВИ НА РАБОТЕЊE 
Савана доо го задржува правото да ги менува условите за користење на web страниците и другите услови на работење. Промените не се однесуваат на веќе извршените и наплатени резервации.

9. КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА САВАНА ДОО НА ОВИЕ СТРАНИЦИ
 Web страницата исклучиво има за цел да помогне на корисниците да се информираат за понудата на услуги преку описите и фотографиите, да се информираат за слободните термини, и да извршат резервација или уплата на бараните услуги. Ве известуваме дека за реализација на трансакциите преку нашите страници морате да бидете полнолетни, и дека ја прифаќате финансиската одговорност за трансакциите кои ги вршите Вие лично или малолетните лица кои се под Ваш назор и можат да ги користат Вашите податоци, како и за вистинитоста и точноста на податоците кои ни ги давате за реализација на резервацијата или финансиската трансакција. Во случај на било каква злоупотреба на овие страници (внес на лажни резервации или слично) ќе Ви биде оневозможен пристап на овие web страници.

10. ДОПОЛНИТЕЛНИ НАПОМЕНИ
 Савана доо ќе се труди да ја проверува точноста на податоците на овие страници и да ја проширува својата понуда. Трансакциите со кредитни картички во овој момент не се активни поради што препорачуваме печатење на формуларот за резервација со авторизиран потпис од носителот на кредитната картичка и испраќање на fax со фотокопија од кредитната картичка. 

САВАНА доо - Скопје