Image result for plitvice lakes
Не пропуштајте ја можноста да го посетите Загреб кој трета година по ред го има најубавиот божиќен базар во Европа. Според гласањето на "Еuropeanbestdestinations.com" главниот град на Хрватска, зад себе ги остави градовите како Колмар, Виена, Будимпешта и Стразбург. Висококвалитетните рачни изработки ги преплавуваат тезгите на божиќниот базар, а во комбинација со превкусната храна и вино и празничната пријателска атмосфера, Загреб е дестинација за креирање на најубавите спомени поврзани со новогодишните празници. Додадете многу блескави светилки и украси, лизгалиште, бројни музички настани, хорско пеење, насмеани лица, канделабри излезени како од најубавите сликовници и го добивате Загреб – уникатна и навидум неповторлива, магична празнична авантура. 

7.декември (петок)    СКОПЈЕ - ЗАГРЕБ
Состанок со групата на паркингот пред хотел "Holiday inn" во 21.00 часот и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија, со попатни застанувања и одмори.

8.декември (сабота)    ЗАГРЕБ
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачиќ, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица... Слободно време за индивидуални прошетки низ градот. Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Организирана посета на БОЖИЌНИОТ БАЗАР. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

9.декември (недела)   ЗАГРЕБ - ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА 
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Плитвичките Езера. Еден од најпознатите Национални паркови на балканот, одалечен на само 120км од Загреб, оддамна е под заштита на УНЕСКО, како светско природно наследство. Прошетка покрај горното и долното езеро, прекрасните водопади и магичната природа. Можност за возење со бродче или ручек во склоп на ресторанот над езерата. Враќање во хотел во попладневните часови. Ноќевање. 

10.декември (понеделник)      ЗАГРЕБ - СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот, одјавување од хотелот и упатување на групата кон некој од загребските шопинг центри. Околу 18.00 часот, поаѓање кон Македонија со ноќно возење и попатни одмори. Пристигнување во Скопје, наредниот ден во претпладневните часови.

Цена на аранжманот: 129 € (7.998,00 ден.)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со високотуристички автобус на дадената релација;
• Сместување во хотел во Загреб на база 2 ноќевања со појадок;
• Организиран разглед на градот со локален водич;
• Оргнизација на аранжманот и придружник на патувањето.
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Посета на Национален парк Плитвице (превоз, влезница и водич) 35€;
• Доплата за еднокреветна соба 35€;
• Индивидуални трошоци;
• Патничко  здравствено осигурување 164мкд

НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
За овој аранжман важат Општите услови за патувањена на СКТМ
Организатор на аранжманот: САВАНА - Скопје