За романтичарите Венеција е остварување на сонот. Позната како и “Огледало на душата“, “Кралица на Јадранот“, “Градот на вода“, “Градот на мостовите и каналите“... Венеција е една од најпосакуваните туристички дестинации. Изградена врз дрвени столбови, нејзината архитектура е како да лебди над вода. Заради нејзината уникатност Венеција е заштитена од УНЕСКО. Во 1980 година, Карневалот во Венеција го оживеа градот и стана еден од главните центри зa меѓународни конференции и фестивали, како што e престижното Биенале во Венеција и Венецискиот филмски фестивал, кои привлекуваат посетители од целиот свет поради своите театарски, филмски, уметнички и музички продукции.

  Топ 10 места од интерес:

  1. Плоштадот и базиликата Св.Марко
  2. Мостот "Rialto"
  3. Мостот на воздишките
  4. Дуждовата палата
  5. Каналот “Canal Grande”
  6. Саат кулата Campanile
  7. "Rialto Market"
  8. Возење со гондола
  9. Островите: Мурано, Бурано и Торчело
10. "Peggy Guggenheim" и "Correr" музеите.

 


Предлог програма:

1 ден:              СКОПЈЕ-ВЕНЕЦИЈА
Залутајте навечер низ уличките на Венеција и завршете ја вашата прошетка на плоштадот Св.Марко. Седнете во некое од кафулињата на плоштадот со поглед кон прекрасната базилика Св.Марко. Продолжете ја ноќта низ рестораните вкусувајќи ја италијанската кујна.

2 ден:
                  ВЕНЕЦИЈА
Разглед на Венеција: Посета на Дуждовата палата, Мостот на Воздишките, Саат Кулата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде...

3 ден:
                  ВЕНЕЦИЈА-ВЕРОНА
За сите оние со истражувачки дух и кои претпочитаат динамика во патувањата им препорачуваме да ја посетат Верона, градот во кој се има случено најголемата љубовна трагедија опеана во Шекспировата 'Ромео и Јулија'.

4 ден:
             ВЕНЕЦИЈА-СКОПЈЕ
Слободно време. Препорачуваме два часа пред летот да бидете на аеродром.


Цена: од 82 € (3 BB) 


Во цената на пакетот е вклучено: 
-Авионски превоз на релација Скопје – Венеција – Скопје (WizzAir).
-Аеродромски такси. 
-Хотелско сместување во хотел 3* на база 3 BB (ноќевање со појадок).
-Летови: вторник и сабота 
Недела Skopje - Venice Treviso 13:00 – 14:45 (W6 7751)
Среда Venice Treviso - Skopje 15:15 – 16:55 (W6 7752) 
*цената зависи од моментално расположливите места на авио компанијата и хотелите

Во цената на пакетот не е вклучено: 
- Трансфер Аеродром - Хотел со редовни 'shuttle bus' линии 4 € по лице (информативно).
- Tакси трансфер Аеродром – Хотел 30€ (информативно).


Предлог хотели:

PIAVE HOTEL  *** 
Mestre

Цена: од 82 € по лице
CENTRALE HOTEL ***
Mestre

Цена: од 91 € по лице
CANALE HOTEL ***
City Center 500m

Цена: од 125 € по лице

 


 

GALLERY