20 Октомври ( петок )                 СКОПЈЕ - АТИНА  
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 18:30 часот. Поаѓање за Грција во 19:00 ч. Влез во Грција кај граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.

21 Октомври ( сабота )             АТИНА  
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол и новиот Акрополски музеј. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидауални активности. Вечерта, факултативна вечера во таверна на Плака со богата уметничка програма и мени од грчката национална кујна. Ноќевање.

22 Октомври ( недела )               АТИНА - ПЕЛОПОНЕЗ 
Појадок. Целодневен факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и посета на работилница - продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина во вечерните часови. Ноќевање.

23 Октомври ( понеделник )        АТИНА - СУНИОН – ПИРЕА - СКОПЈЕ
Појадок. Заминување на прошетка покрај Аполоновиот брег до Сунион најјужниот рт’ на европското копно, на кој се наоѓаат остатоците од античкиот храм подигнат во чест на богот Посејдон. Попатна посета на  Пиреа - едно од најголемите пристаништа на Медитеранот, како и нејзините познати марини. 
Пристигнување во Скопје наредниот ден во утринските  часови.

                               Цена на аранжманот:  109 Еур (6758 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** / 2 ноќавања со појадок, во двокреветна соба
- Организирани разгледи на Атина, Сунион и Пиреа
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Влезници за културно историските знаменитости
- Факултативна вечера во таверна со уметничка програма (30  €)
- Факултативен излет на Пелопонез (30 €), влезници за театрот во Епидариус 6 €, Микена 8€
- Патничко осигурување

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ