Сите патишта водат во РИМ... и навистина е така. Овој град секојдневно го чувствува тоа. Mилионите туристи кои постојано го посетуваат градот, се уверуваат во фактот дека тој има одбележано една цела епоха во светската историја. Попознат како "Римското царство", овој период од светската историја и денес е видлив благодарејќи им на мноштвото споменици кои сочувани од забот на времето сеуштe го красат овој град...

      

25 Мај (петок) СКОПЈЕ - РИМ  
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 11:40 часот. Лет за Рим (W6 7757) во 13:40ч. Пристигнување во Рим во 15:25 часот. Трансфер до хотелот со попатно панорамско разгледување на градот: Виа Венето, Шпанските скали, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Колосеумот, мостовите на Тибар, црквата Св.Петар, Фонтаната Ди Треви... Сместување и слободно време за индивидуални активности.  Ноќевање.
26Мај (сабота) РИМ - ВАТИКАН   
Појадок. Факултативна посета на Ватикан. Разглед на Сикстинската капела, Ватиканските музеи, црквата Св.Петар... По разгледот, препорачуваме прошетка преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, познат и како уметничка четврт на Рим. Можност за краток одмор со уживање во вкусот на италијанското кафе. Посета на Пантеон, храмот на сите богови - денес најпознатата римска црква. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Вечерта можност за вечера во национален ресторан со мени од италијанската кујна. Ноќевање.
27 Мај (недела) РИМ - ТИВОЛИ
Појадок. акултативна посета на местото Tиволи. Прекрасната Villa D’Este и нејзината градина се наоѓаат на листата на светското културно наследство под заштита на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, во ликот на нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Можност за пријатна прошетка (со метро) низ Рим, со посета на катедралната црква посветена на Св.Павле, како и на црквите Сан Џовани Латерано, Санта Марија Маџоре, Сан Пјетро ин Винколи, црквата Сан Клементе со капелата и гробот на Св. Кирил... Слободно време за индивидуални прошетки.Ноќевање.
28 Мај (понеделник) РИМ  - СКОПЈЕ
Појадок. Појадок. Напуштање на хотелот и слободно утро за индивидуални прошетки. Трансфер до аеродромот во Рим. Лет за Скопје (W6 7758) во 16:00ч. и пристигнување во 17:35 часот.

 Цена на аранжманот:   449 €   (27.840 мкд)
 За уплати до 28.февруари: 399Є (24.740,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:          
- Авионски превоз: Скопје-Рим-Скопје
- Аеродромските такси во Скопје и Рим
- Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром - хотел - аеродром
- Сместување во хотел ***, на база 3 ноќевања со појадок
- Организиран панорамски разглед на Рим со водич
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Eдно парче рачен багаж со максимум димензии од 55x40x23 сантиметри и максимум тежина од 10 килограми
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Посета на Ватикан: резервација, превоз со метро, водич, слушалки и влезница (45 €)*резервација и уплата при продажба
- Посета на паркот Тиволи: превоз, водич и влезница (55 €)
- Патничко, здравствено осигурување
- Туристичка такса на градот Рим: хотел 4* (6€), хотел 3* (4€) по лице од ден, се наплатува на рецепција

Напомени:      
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

GALLERY