06.април (петок)                 СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:30 часот. Полетување за Барселона во 18:30ч.  Пристигнување во Барселона во 21:20 часот и трансфер до хотелот. Ноќевање.  

07.април (сабота)               БАРСЕЛОНА
Појадок. Организиран панорамски разглед на Барселона: авенијата Диагонал - која Барселона ја дели на источен и западен дел, уникатната и единствена катедрала “Sagrada Familia”, плоштадот Каталонија – централното место каде стариот град се сретнува со новиот и во чие продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо, ридот Мон Жуик со Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија (Plaza Espanya) на кој се наоѓа Конгресниот центар, Националната галерија на каталонската уметност и Магичните фонтани со величествената игра на водата, светлината и музиката, плажата Барселонета, Шпанското село (Pueblo Espanol) - комплексот на градби во разните архитектонски стилови од цела Шпанија. Слободно попладне за индивидуални активности, или прошетка (со метро) до паркот “Guell - ремек делото на познатиот шпански архитект Антонио Гауди. Прекрасните медитерански градини и специфичните фигури, препознатливи по својата уникатност, денес се дел од листата на светското култирно наслетство под заштита на UNESCO. На враќање, прошетката продолжува по авенијата De Graciaпозната по специфичните гаудиеви згради: Casa Mila и Casa Batllo. Ноќевање. 

08.aприл (недела)               БАРСЕЛОНА (Фигерас и Герона)
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за шопинг во познатите шопинг центри низ градот. Факултативно, полудневен излет до Фигерас и Герона со посета на музејот на Салвадор Дали - предизвик за сите љубители на уметноста, како и оние кои сакаат да ја видат само оригиналноста и екцентричноста на големиот Дали. Во родното место на Дали и насекаде може да се забележи неговото влијание, а неговите дела кои се прикажани на посебен начин, видливо ја нагласуваат неговата генијалност. Разглед на музејот во кој може да се види големата колекција на скулптури, 3D колажи, како и личната колекција на Дали до дела од други уметници. Во враќање, посета на убавиот и живописен град Герона, кој се наоѓа на самиот североисток непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, катедралата, колоритните куќички на брегот на реката Онуар... Краток одмор до враќање во Барселона. Вечерта, можност за организирање на факултативна вечер на Фламенко шоу. Ноќевање. 
 
09.aприл (понеделник)       БАРСЕЛОНА - СКОПЈЕ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за прошетка (со метро) до Олимпиското пристаниште и плажата Барселонета. Препорачуваме посета на големиот аквариум - еден од најубавите во Европа, како и попладневна прошетка кон Триумфалната порта и Готскиот кварт и многубројните музеи. Во зависност од сатниците, можност за посета на Музејот на Пикасо или на Чоколадниот музеј. Во доцните попладневни часови, трансфер до аеродормот во Барселона. Лет за Скопје во 21:55 часот. Пристигнување во Скопје наредниот ден по полноќ, т.е. во 00:40 часот наутро.

Цена на аранжманот:  445 Є (27.590,00 мкд)
 
АРАНЖМАНОТ Е ПРОДАДЕН !!!   

 


 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз: Скопје - Барселона - Скопје
- Аеродромските такси во Скопје и Барселона
- Трансфери во Барселона, на релација: аеродром - хотел - аеродром
- Сместување во хотел ***, на база 3 ноќевања со појадок
- Туристичка такса
- Организиран панорамски разглед на Барселона со локален водич
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Факултативна вечера со Фламенко шоу (55 €) - трансфер со метро
Факултативна посета на Фигерас и музејот на Салвадор Дали (вклучена влезница) и Герона (80 €)
Влезници за музеите и културно историските споменици:
   (Sagrada Familia, Montjuic, Parc Guell,Camp Nou, Шпанско Село...)
Пријавен багаж до 20 кг – информации во агенција 
Пријавен багаж до 32 кг – информации во агенција 
Доплата за 1/1 соба (152 €) 
 
НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА



ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА KOMПЛЕТНАТА ПОНУДА НА ПРОЛЕТНИ ПАТУВАЊА