Image result for атина
25.октомври (петок)                 СКОПЈЕ - БИТОЛА - АТИНА - ПИРЕА                   
Состанок на групата во 06.00 часот на паркингот пред хотелот “Holiday inn” во Скопје и заминување за Битола. Средба со останатите патници во 08.00 чaсот, пред спортската сала “Младост”. Патот кон Грција води преку граничниот премин Меџитлија-Ники со попани застанувања и одмори. Пристигнување во Атина во попладневните часови. Во зависност од времето, краток панорамски разглед на градот до заминување кон пристаништето во Пиреа. Во 19.00 часот заминување со брод кон островот Патмос. Вечерно пловење по егејското море.
26.октомври (сабота)                   ПАТМОС
Пристигнување на островот Патмос во 03.15 часот наутро. Сместување во хотел и ноќевање. Појадок и заминување во манастирот посветен на Светиот апостол Јован Богослов. Присуство на Светата литургија во тамошната црква и разглед на манастирот, основан уште во 1088 година од Свети Христодул од Витинија. Во пладневните часови, сместување во хотел и краток одмор. Последователно, разглед на Патмос кое е дел од најодалечените кикладски острови во егејското море, со површина од 34 км2 и население од околу три илјади жители. Во христијанскиот свет е многу попознат како “Островот на Откровението” или како “Егејскиот Ерусалим”. Во времето на Римската империја, Патмос бил “остров на прогонетите”. Тука во 95 г.н.е. од Ефес, бил протеран и Апостолот на љубовта - Свети Јован Богослов. Во разгледот на Патмос, посета на Пештерата на Откровението во која Светиот апостол Јован Богослов ја пишувал последната книга на новозаветниот канон – Откровение или Апокалипса. По враќање во хотелот, слободно време за одмор. Ноќевање.
 Image result for патмос
27.октомври (недела)                      ПАТМОС
Појадок. Во утринските часови, присуство на Света божествена литургија и посета на манастирот Благовештение, изграден над монументалните карпи на југозападната страна од селото Хора. Поклонение во црквата на Благовестието, подигната во 1613 година од монахот Никифор Критски, собрат од манастирот Св.Јован Богослов. Црквата во 1937. година од страна на големиот духовник, јеромонахот Амфилохије Макрис, е претворена во прекрасен манастир кој живее и денес. Слободен ден за индивидуални прошектки и активности, или одмор во хотелот до вечерното заминување од островот Патмос . Во 23:55 часот заминување со траект кон Пиреа (Атина). Ноќно пловење по егејското море.
28.октомври (понеделник)               ПАТМОС - АТИНА - БИТОЛА – СКОПЈЕ
Ноќно пловење преку Eгејското море до пристаништето во Пиреа. По пристигнувањето во  08:05ч, кратка прошетка низ Атина и слободно време за одмор. Продолжување на патувањето кон Македонија. Попатни застанувања и паузи за одмор. Пристигнување во Битола и Скопје во доцните вечерни часови.

  Цена на аранжманот:             11.700,00 мкд

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Превоз со брод на релација: Пиреа - Патмос - Пиреа
- Сместување во хотел *** на Патмос, на база 2 ноќевања со појадок, според програмата
- Организирани посети според програмата, во придружба на духовно лице (теолог или вероучител)
- Туристички придружник за време на патувањето
- Организација и реализација на патувањето
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Туристичка такса која се плаќа на рецепција во хотелите 0,5-1€, по лице од ноќ
- Влезници за музеи и културно историски споменици
- Евентуални, неспоменати индивидуални трошоци за време на посетите
Здравствено и патничко осигурување, за лица до 64г.=186мкд, од 64-69г.=373мкд, над 70г.=690мкд
 
Напомени:
- При посета на црквите, мастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив. Во манастирите жените влегуваат со долго здолниште, а мажите со долги пантолони, а горната облека треба да е со ракави.
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови на патување на САВАНА и СКТМ