Еден од најголемите регионални настани посветени на книгата, e сосема извесно - Меѓународниот саемот на книгата во Белград. 
Неформално познат и како "празник на книгите", овaa саемска манифестација секоја година е домаќин на најзначајните домашни, регионални, а секако и на бројни странски писатели и издавачи. Важна карактеристика на Саемот на книгата, е секако и богатата придружна програма, составена од низа промоции, презентации, предавања, тркалезни маси и трибини, посветени на издаваштвото како и на вредноста на книгите во целост.

Image result for београдски сајам

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
 
23.октомври (среда)          СКОПЈЕ – БЕЛГРАД
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 04:00 часот. Поаѓање за Белград во 04:30ч. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни одмори. Пристигнување во Белград со трансфер до саемот и посета на “64.Мегународен саем на книгата”. Слободно време за индивидуални активности до заминување за Скопје во попладневните часови.  Можност за попатно застанување кај белградската IKEA,  како и  на други одморалишта согласно потребите на групата и условите на патот.
 
24.октомври (четврток)      БЕЛГРАД - СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови

Цена на аранжманот:   
35 EUR (противвредност: 2.170,00 мкд)
 
Попуст за уплати до 30.септември: 
30 EUR (противвредност: 1.860,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:             
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Влезница за 64.Меѓународен саем на книгата
- Патничко осигурување 
         
Напомени: 
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА

Image result for београдски сајам