ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
 
10.октомври (четврток)               СКОПЈЕ - ЉУБЉАНА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 17:30 часот. Поаѓање за Љубљана во 18:00ч. Патот води преку граничниот премин Табановце, Србија и Хрватска, со попатни застанувања и одмори.
 
11.октомври (петок)                     ЉУБЉАНА
Пристигнување во Љубљана во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Прешерновиот и Рибниот плоштад, Тромостовјето, Универзитетот, Робовата фонтана, Змејскиот мост... Сместување во хотел и слободно време за одмор. Во попладневните часови, можност за факултативно крстарење по реката Љубљаница низ стариот дел од градот. Ноќевање.
 
12.октомври (сабота)                   ЉУБЉАНА - БЛЕД - БОХИЊ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки низ Љубљана, или ден за факултативен излет до езерата Блед и Бохињ. Бледското езерото-бисерот на словенечките Алпи, обиколено со високите планински масиви, карактеристично е и по малиот остров на кој е изградена црквата посветена на Света Марија. Можност за индивидуални прошетки крај езерото, посета на бледската тврдина со прекрасен поглед кон езерото и околината, како и дегустација на познатата локална кремпита. Излетот продолжува кон Националниот парк Триглав и посета на Бохињскоро езеро. Ова планинско езеро е воедно и најголемото природно езеро во Словенија. Враќање во Љубљана во вечерните часови. Ноќевање.
 
13.октомври (недела)                  ЉУБЉАНА - ПОСТОЈНА - СКОПЈЕ
Појадок. Заминување од хотелот и од градот, кон прочуената Постоjинска јама. По пристигнувањето во Јамскиот град, разглед на величествениот Предјамски дворец, изграден врз 123м. висока карпа, врз кој опстојува повеќе од 700 години. Неговиот романтичен изглед го дополнува и рекичката Локва, која под дворецот понира во поземјето. По разгледот на мистичниот дворец, посета и на Постоjинската јама – една од најпознатите пештери во светот. Долга 24км и исполнета со прекрасни пештерски украси од сталагмити и сталактити, таа сеуште го чува живиот пештерски свет, како и траговите од некогашниот човечки живот во неа. Низ големиот број на пештерски сали и ходници, разгледот се реализира со електричен воз,а низ најубавите и најбогатите, прошетката е поткрепена и од локалниот кустос. Бидејќи температурата во јамата, преку цела година е 10°C, препорачуваме во неа да се понесе и потопла гардероба. Заминувањето од Постојна е во попладневните часови. Патот кон Македонија води преку Хрватска и Србија со попатни застанувања и одмори.
 
14.октомври (понеделник)         СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје, во раните утрински часови.

 Цена на аранжманот:   
139 EUR (противвредност: 8.618,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:        
- Превоз со автобус на наведената релација
- Туристички придружник за време на реализација на аранжманот
- Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
- Туристичка такса во хотелот
- Панорамски разглед на Љубљана со локален водич
- Попатна посета на Постојна (резервација и уплата на влезница, во агенцијата)
- Организација на аранжманот
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Влезници за музеите, археолошките локалитети и културно-историските споменици
- Целодневен факултативен излет до Блед и Бохињ 25€/15€ (за деца до 12г.)
- Влезница за разглед на дворецот и пештерата во Постојна 35€
- Патничко здравствено осигуривање (информација во агенцијата)
 
Напомени:  
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето е САВАНА