Посети на: Букурешт, Њамц, Јаши, Киев, Киево Печарска Лавра, Оптина, Троицко Сегеева Лавра, Дивеево, Москва, Тихвин, Свир, Санкт Петербург, Псков, Минск, Почаев, Св. Вознесенски Банченски Манастир...
Резултат со слика за јаши 
01.ден / 12.јули (петок)             БИТОЛА - СКОПЈЕ - БУКУРЕШТ
Состанок на групата пред Градската автобуска станица во Битола во 14:30 часот. Поаѓање кон Скопје во 15.00 часот. Средба со останатите патници во 18:00ч. на паркингот пред хотелот "Holiday Inn” и продолжување на патувањето кон граничниот премин Деве Баир - Ѓуешево. Ноќно патување низ Бугарија, со попатни одмори.

02.ден / 13.јули (сабота)            БУКУРЕШТ - ЊАМЦ
Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Посета на Патријаршијата и поклонение пред моштите на Свети Димитриј Бесарабов. Слободно време за индивидуални активности. По паузата, патувањето продолжува кон Романската Света Гора – Њамц и тамошниот машки манастир, изграден во 13.век. Во него се чуваат двете чудотворни икони на Мајката Божја, моштите на преподобниот Пајсиј Величковски, главата на Св.Симеон дивногорец, како и мошти на непознат светител. Во овој манастир, монашки постриг примил и преподобниот Јован Хозевит, а во него денес се чуваат и дел од неговите свети мошти. Пристигнување во вечерните часови. Ноќевање.
Резултат со слика за њамц
03.ден / 14.јули (недела)            ЊАМЦ - ЈАШИ - КИЕВ
Утрото, присуство на Светата Божествена Литургија во Соборниот храм и поклонение на светињите во манастирскиот комплекс. Потоа се оди во посета на манастирот Сихастрија, кој е еден од најголемите машки манастири во Романија. Попладне заминување за Јаши и поклонение на моштите на Св.Параскева (Св.Петка). Посета на црквата Свети Три Јерарси, како и слободно време за прошетка низ градот. Во вечерните часови, поаѓање кон Украина и Киев. Ноќно возење со попатни одмори.
 
04.ден / 15.јули (понеделник)    КИЕВ – КИЕВО ПЕЧЕРСКА ЛАВРА
Пристигнување во Киев во утринските часови и сместување. Потоа, организирана посета на Киево Печерската Лавра, како и на повеќето цркви и параклиси во неа. Ноќевање. 
Резултат со слика за kievo pecharska lavra
05.ден / 16.јули (вторник)           КИЕВ
Присуство на Светата Божествена Литургија во Соборната црква и последователна посета на блиските и подалечните пештери во Киев и во Печерската Лавра. Ноќевање.
 
06.ден / 17.јули (среда)               КИЕВ - ОПТИНА
По присуството на Светата Божествена Литургија, посета на повеќето останати цркви и манастири низ градот Киев и неговата околина. Вечерта се поаѓа за Оптина. Ноќно возење со попатни одмори.
Резултат со слика за optina pustin
 07.ден / 18.јули (четврток)          ОПТИНА
Утрото пристигнување во Оптинскиот манастир, присуство на Св.Божествена Литургија. Целодневна можност за поклонение на моштите од оптинските свети старци и светињите во манастирскиот комплекс. Патувањето продолжува кон Москва, сместување во околината на Москва. Ноќевање.
 
08.ден / 19.јули (петок)               ОПТИНА - ТРОИЦКО СЕРГЕЕВА ЛАВРА 
Утрото поаѓање за Троицко Сергеева Лавра. Разглед на целиот манастирски комплекс и поклонение на многубројните свети мошти. Враќање во хотел. Ноќевање. 
Резултат со слика за ТРОИЦКО СЕРГЕЕВА ЛАВРА
09.ден / 20.јули (сабота)             ТРОИЦКО СЕРГЕЕВА ЛАВРА - ДИВЕЕВО
Присуство на Св.Божествена Литургија, и веднаш потоа поаѓање за Дивеево. Пристигнување во вечерните часови. Сместување во договорените капацитети. Ноќевање.
 
10.ден / 21.јули (недела)             ДИВЕЕВО
Присуство на Света Божествена Литургија, а потоа поклонение на светињите во Лаврата. Канавка.Ноќевање.
Резултат со слика за ДИВЕЕВСКИ МАНАСТИР
11.ден / 22.јули (понеделник)     ДИВЕЕВО
Присуство на Св.Божествена Литургија, а потоа посета на светиот живоносен источник  на Св.Серафим и поклонение на светињите во Лаврата. Ноќевање.
 
12.ден / 23.јули (вторник)            ДИВЕЕВО - МОСКВА
Поаѓање за Москва. Попатна посета на светите мошти на свети Петар и Февронија во Муром. Пристигнување во попладневните часови, сместување и слободна вечер. Ноќевање.
Резултат со слика за МОСКВА
13.ден / 24.јули (среда)                МОСКВА
Посета на храмот Христос Спасител, потоа посета на Сретенски и Даниловски манастир како и панорамско разгледување на знаменитостите од градот. Слободни активности (Можност за панорамско крстарење со брод). Ноќевање.
 
14.ден / 25.јули (четврток)           МОСКВА - ТИХВИН
Посета на црквата на Св.Матрона Московска, присуство на Св.Божествена Литургија и разглед на цел црковен комплекс.  Посета на Црквата на Св.блажени Василиј и Кремљ. Навечер, поаѓање кон Тихвин. Ноќно патување.      
Резултат со слика за ТИХВИН
15.ден / 26.јули (петок)                 ТИХВИН - СВИР
Утрото пристигнување во манастирот, присуство на Св.Божествена Литургија и поклоненое на чудотворната икона на Тихвинска Мајка Божја. По Св.Литургија, поаѓање за манастирот на св.Александар Свирски и поклонение на неговите мошти. Сместување. Ноќевање.
 
16.ден / 27.јули (сабота)                СВИР - САНКТ ПЕТЕРБУРГ
По Св.Божествена Литургија поаѓаме кон Санкт Петербург. По пристигнувањето, сместување и слободна вечер за индивидуални активности. Ноќевање.
Резултат со слика за свирский монастырь фото
17.ден / 28.јули (недела)               САНКТ ПЕТЕРБУРГ    
Света Божествена Литургија во манастирот на Св.Александар Невски, а потоа посета на гробот на Достоевски. Од таму продолжуваме кон Казански собор и поклонение на чудотворната икона на Казанската Мајка Божја. Посета на Црквата – Вознесение Христово.  Слободно попладне. Ноќевање.      
 
18.ден / 29.јули (понеделник)        САНКТ ПЕТЕРБУРГ
Посета на Смоленските гробишта и капелата каде се наоѓаат светите мошти на Св.Ксенија Петроградска. „Кој мене ме знаеше, нека ја спомене мојата душа, за спасението на неговата душа. Амин.“ Посета и поклонение на моштите на Св,Јован Кронштатски. Ноќевање.
Резултат со слика за санкт петербург фото
19.ден / 30.јули (вторник)               САНКТ ПЕТЕРБУРГ - ПСКОВ - МИНСК
Посета на рускиот Версај Петерхоф. Попладне поаѓање за Псково Печерска Лавра – разгледување на манастирот и поклонение на светињите. Сместување. Ноќевање.
 
20.ден / 31.јули (среда)                    ПСКОВ - МИНСК
По Светата Божествена Литургија, продолжуваме кон Минск – Белорусија. Пристигнување во вечерните часови, во зависност од царинските формалности. Сместување. Ноќевање.
Резултат со слика за МИНСК
21.ден / 01.август (четврток)            МИНСК - ПОЧАЕВ
Утрото присуство на Св.Божествена Литургија во Свето Елисаветскиот манастир. Попладне поаѓање за Почаево. Ноќно возење.
 
22.ден. / 02.август (петок)                ПОЧАЕВ
Зависно од царинските формалности, пристигнување во Почаево во претпладневните часови. Сместување и потоа посета на Соборниот храм и поклонение на чудотворната икона на Мајката Божја. Поклонение на стапалката на Пресвета Богородица, како и на моштите на светите Амфилохие и Јов Почаевски.Ноќевање.
Резултат со слика за почаевская лавра
23.ден. / 03.август (сабота)              ПОЧАЕВ
По светата Божествена Литургија, посета на живоносниот источник посветен на  Св.Ана. Слободно време за индивидуални молитви и поклонение на другите светињи во Лаврата. Ноќевање.
 
24.ден. / 04.август (недела)       ПОЧАЕВ - БАНЧЕНСКИ МАНАСТИР - БУКУРЕШТ
Присуство на Светата Божествена Литургија во Почаевската Лавра, а во попладневните часови се поаѓа кон Свето Вознесенскиот Банченски манастир. Посета и поклонение на светињите во манастирот. Продолжување кон Букурешт. Ноќно возење.
Резултат со слика за Свято-Вознесенский Банченский монастырь
25.ден. / 05.август (понеделник)    БУКУРЕШТ
Пристигнување во попладневните часови во Букурешт. Панорамско разгледување. Слободно време. Сместување во хотел.Ноќевање.
 
26.ден. / 06.август (вторник)       БУКУРЕШТ - СКОПЈЕ - БИТОЛА
Доручек и заминување кон Македонија. Патот води низ  Романија и Бугарија. Дневно возење со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје и во Битола во вечерните часови.

Цената на аранжманот изнесува:  30.500 денари

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во манасири и хотели според програмата, во повеќекреветни соби и појадок соодветен на сместувачките капацитети.
- Организирани посети според програмата, во придружба на водич и духовно лице (теолог или вероучител).
- Туристички придружник за време на патувањето
- Организација и реализација на патувањето
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Девизен износ за уплата во готово, при сместување во манастирите низ Русија (цена 150 EUR).
Туристичка виза за Русија, во зависност од добиените услови од Амбасадата на Руската Федерација во Скопје (цена 50 USD).
Туристичка виза за Белорусија, во зависност од добиените услови од Амбасадата на Република Белорусија во Белград (цена 15 EUR).
- Индивидуално патничко осигурување, во зависност од возраста (информации во туристичка агенцијата)
- Евентуални влезници за музеите и културно историските споменици.
 
НАПОМЕНА:
- При посета на црквите, мастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив. Во манастирите жените влегуваат со долго здолниште, а мажите со долги пантолони, а горната облека треба да е со ракави.
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 42 патници
- Важат Општите услови на патување од СКТМ