Image result for DUBAI Image result for DUBAI


10.октомври (четврток) СКОПЈЕ -ДУБАИ
Состанок на групата на Меѓународен аеродром Скопје, во 10:30 часот. Директен лет со Fly Dubai во 13:05 часот (FZ792). Слетување во Дубаи во 21:05 часот, локално време. По завршување на пасошките и царинските формалности, следи организиран трансфер до хотел. Ноќевање 

11.октомври (петок)      ДУБАИ
Појадок. По појадокот полудневен разглед на Дубаи со лиценциран водич. Посета на првиот изграден вештачки остров во светот во форма на палма и панорамски разглед на хотелот Атлантис, посета на најпознатата плажа Џумеира на која се наоѓа хотелот-чудо на модерната архитектура, Burj Al Arab. Eдинствена можност да уживате во луксузот на единствениот хотел со 7* во светот. Се продолжува со прошетка низ стариот дел на Дубаи кој ја задржал автентичната архитектура, постета на музејот во Ал Фахади (тврдина изградена во 1787г.) каде можат да се видат сцени од историскиот развој на градот. Разгледот продолжува со прошетка низ заливот со традиционални бротчиња наречени Абри кои ќе ве однесат до традиционалниот пазар на зачини и злато, наречен Сук. Враќање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности или факултативно вечерно крстарење по Дубаи Марината. Ноќевање.

12.октомври (сабота)     ДУБАИ (САФАРИ)
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или факултативно – Пустинско Сафари – Волшебно доживување на пустината со вклучена вечера. Заминување во попладневните часови кон пустината со џипови. Возбудливо возење низ дините кои како песочно море се протегаат во бескрај. Пристигнување во кампот, изграден во срцето на пустината каде ќе имате можност да уживате во прекрасното зајдисонце, да јавате камили и да ги вкусите традиционалните Арапски јадења и свежо подготвената скара. Вечерата ќе ви ја развесели прекрасна танчерка која понесена од звуците на ориентот ќе ве однесе директно во приказните од 1001 ноќ… Враќање во хотелот. Ноќевање.

13.октомври (недела)     ДУБАИ - АБУ ДАБИ
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки. Предлагаме  факултативна посета на најголемиот Емират – Абу Даби. Посета на една од најголемите и најскапите џамии во светот Sheikh Zayed Mosque која може да прими преку 40.000 верници во исто време и во неа може да го видите најголемиот рачно изработен тепих во светот. Потоа посета на резиденцијалната зона на градот,  Heritage Village (Музеј на наследството) – комплекс во кој на едно место може да се види се она што го карактеризира ова подрачје, од историја па се до локалните обичаи. Разгледот продолжува со “ Neritage village “, Marina Mall-от или трговскиот центар на најбогатите, Претседателската Палата, Емирати Палатата... Посета на покриениот пазар на злато, пазарот на урми, како и Ферари центарот на Yas Island во чија близина е една од најпознатите Формула 1 ноќни стази. Враќање во Дубаи во доцните попладневни часови. Ноќевање.

14.октомври (понеделник)     ДУБАИ
Појадок. Трансфер до аеродром во раните утрински часови. Полетување од Дубаи во 09:15 часот (FZ791), слетување во Скопје во 12:15 часот.


Цена на аранжманот:

“BASIC” 579 € (35.898,00 мкд) основен пакет
“STANDARD” 599 € (37.138,00 мкд) пакет со вклучен разглед на Дубаи
“SUPERIOR” 729 € (45.198,00 мкд) пакет со вклучени 4 разгледи 
(Burj Kalifa, Дубаи, Абу Даби, Сафари тура)

 


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: 
- Авионски превоз на релација Скопје - Дубаи - Скопје (авиокомпанија "Fly Dubai")
- Трансфери во Дубаи: аеродром - хотел – аеродром
- 4 ноќевања со појадок во хотел IBIS Styles JUMEIRA ***
- Организиран полудневен разглед на Дубаи со лиценциран локален водич
- Организација на аранжманот и локална асистенција на српски и англиски јазик
- Аеродромски такси 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 
- Трошоци за вадење на Виза за ОАE – 85 € (потребен скениран пасош, скенирана - фотографија, професија на патниците, име/презиме на родители.
- Валидност на пасош најмалку 6 месеци од датумот на враќањето) доставување на документација најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Влез на највисоката зграда во светот Burj Khalifa на 124от спрат ( 50€)
- Целодневен излет во Абу Даби ( 45€)
- Сафари тура со вклучена вечера ( 50€)
- Lego Lend со вклучен трансфер (60€)
- Крстарење по Дубаи Марината со вклучена вечера (60€)
- Патничко здравствено осугурување
- Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотел, по соба од ноќевање): 20AED (5*) / 15AED (4*) / 10AED (3*)

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 25 патници. 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на САВАНА и СКТМ

-  Организатор на патувањето: САВАНА Скопје