1.ден (петок)                        СКОПЈЕ - УРАНОПОЛИС - СВЕТА ГОРА
Состанок на групата во 02:30ч. наутро, на паркингот пред хотелот “Holiday Inn” во Скопје.  Поаѓање кон Грција во 03:00 часот. Патувањето води преку преминот Богородица-Евзони и Солун. Состанок со локалниот водич и продолжување на патот кон пристаништето Уранополис на Халкидики. Подигнување на визите за влез на Атос и купување на картите за фериброд. Испловување во 09.50 часот. Пристигнување на малото пристаниште Лованица и упатување со автобус кон манастирот Хиландар. Патувањето (околу 11 километри), води низ живописниот предел на Света Гора до познатиот српски манастир. Сместување во манастирските конаци и разглед на околните знаменитости. Посета на католичката црква која е посветена на Мајката Божја и во која се наоѓа чудотворната икона на Девицата тројеручица. Разглед на трпезаријата од спротивната страна, која била  изградена во 13 век за време на големата реконструкција на манастирот во времето на кралот Милутин. Манастирскиот комплекс е обиколен со високи ѕидини и испреплетени коридори, параклиди и монашки ќелии, а во негова близина се и манастирските гробишта со крипта во која се наоѓаат посмртните останките од некогашните хиландарски монаси. По вечерата, присуство на вечерна божествена литургија во манастирската црква. Ноќевање.  
Резултат со слика за атхос хиландар 
2.ден (сабота)                      СВЕТА ГОРА
По утринската боженствена литургија и појадокот (манастирска трпеза), заминување од манастирот Хиландар во посета на дел од манастирите на Света Гора. Посета на бугарскиот манастир Зограф, како и на грчките манастири Констамонит, Ватопед, Иврион и Ставроникита. Во главниот град на Света Гора - Кареја, посета на најстарата катедрала во Света Гора - црквата Успение на Св.Богородица од 10 век, како и на старата руска скита посветена на Св.Андреј. Патувањето дента завршува со посета на манастирот Пантократор и сместување во неговите конаци. Ноќевање.
 Ð ÐµÐ·ÑƒÐ»Ñ‚ат со слика за атхос
3.ден (недела)                     СВЕТА ГОРА - УРАНОПОЛИС - СКОПЈЕ
По утринската боженствена литургија и појадокот, заминување во посета на рускиот манастир Св.Пантелејмон. По посетата и разгледот на манастирот, заминување со фериброд од блиското пристаниште во 12:30 часот. Пристигнување во Уранополис околу 14:30ч. попладне. Патувањето продолжува кон Македонија. Пристигнување во Скопје, во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 299 € (18.540,00 мкд)

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
- Превоз со туристички минибус до наведената релација
- Резервација за виза за влез на Света Гора
- Повратни карти за ферибродски линии
- Оброци во согласност со манастирскиот ред
- Локален водич за време на посетите (по можност на српски јазик)
- Туристички придружник за време на патувањето
- Организација и реализација на патувањето
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Патничко, здравствено осигурување (125 мкд / 250 мкд ; во агенција)
- Влезна такса за Света Гора (25 ; уплата при пристигнување во Солун)
Индивидуални трошоци за евентуални дополнителни оброци, влезници за музеи
и културно историски споменици
 
НАПОМЕНИ:
При посета на црквите, манастирите и верските објекти, согласно христијанските и    црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив. Во манастирите се влегува со долги пантолони, а горната облека треба да е со ракави.
- За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 10 патници !!!
- За реализација на аранжманот, потребно е да се направат пријави/резервации, најдоцна до две недели пред датумот на почеток на аранжманот !!! 
- За овој аранжман важат Општите услови на патување на САВАНА и СКТМ
Поврзана слика