Хургада е позната по своите луксузни хотели кои се нераскинлив дел од брегот на Црвеното море. Во овој блог ви прикажуваме два од нив:

Sunny Days El Palacio Resort & Spa
Gallery image of this property
Sunny Days El Palacio Resort & Spa е удобен All Inclusive хотел кој се наоѓа на самиот брег на Црвеното море. Тој е лоциран на 9 километри од Меѓународниот аеродром во Хургада и на 3 километри од центарот на градот. Од неговото
во 2002 година е еден од најпопуларните дестинации за туристи во Хургада.
Изграден е во ориентален стил во облик на буквата “U”, на две песочни плажи, од кои едната е на природна лагуна која навлегува во самиот хотелски комплекс, а другата до самиот корален гребен.
Хотелот е една од најпосакуваните локации на паровите, тие му имаат дадено оценка од 8.5 на познатиот вебсајт – booking.com. Собите во хотелот располагаат со приватен балкон кој секогаш е со поглед на море, а сите располагаат со сателитска телевизија и се климатизирани.
Цените по лице во јуни(термини: 8ми, 17ти, 24ти)  за рани резервации се движат од 439 до 579, резервациите важат до 30.04, а целокупната понуда за летото можете да ја погледнете на следниот линк:

Desert Rose Resort
Gallery image of this property
Луксузниот хотел Desert Rose Resort се простира на имот од околу 30 хектари. Toj се наоѓа на само 3 километри од песочните скулптури во Песочниот Град во Хургада и 13 километри од Меѓународниот аеродром во Хургада. Располага со  872 просторни гостински соби и 40 апартмани. Низ него секогаш има освежувачки ветар кој доаѓа како природна климатизација во топлите египетски денови.
Совршено е погоден за најмладите членови на семејството кои можат да се забавуваат во четирите надворешни базени, како и посебниот детски клуб заедно со аква-паркот и шесте тобогани, а за оние членови кои се гурмани има и избор од пет ресторани. 
Најпривлечно за гостите е отворениот амфитеатар каде се приредуваат разни театарски претстави, свирки и настани, така што забавата не морате да ја барате подалеку од хотелот!

Доколку сакате да ги изненадите вашите најмили одберете го Desert Rose кој ќе ги исполни сите ваши очекувања! Вистинска роза во пустината!
Цените по лице во јуни(термини: 8ми, 17ти, 24ти)  за рани резервации се движат од 559 до 769, резервациите важат до 30.04, а целокупната понуда за летото можете да ја погледнете на следниот линк:  
http://www.savanaonline.com/categ.cfm?obcatid=342