Малта- Мал остров со илјада лица 

Република Малта е островска држава сместена во срцето на Средоземното Море. Со извонредното сончево време, атрактивните плажи, ноќните забави и нејзината историја долга повеќе од 7000 години, таа е често посетена дестинација во секое време од годината, а посебно во пролетниот и летниот период.
Составена е од три населени острови- Малта, Гозо и Комино. 
Малта е најголемиот остров од групата Малтешки острови. Брои околу 500.000 постојани жители, а нејзината површина е само 315 квадратни километри, па тоа ја прави една од наjнаселените земји во светот. 
Втор остров по големина е островот Гозо, кој е олицетворение на богатата Малтешка историја. Неговиот шарм ги примамува посетителите да го посетуваат и да се восхитуваат на неговата традиција и руралност. Главен град на Гозо е градчето Викторија кое е прекрасно место за уживање и релаксација.

Најмалиот остров е Комино, кој е голем само 3 квадратни километри. Познат е по егзотичната плажа на која за да стигнете треба да фатите брод. Ова мало островче не е населено, но има еден хотел во кој се сместуваат туристите кои сакаат да уживаат во приватноста. 

Островите меѓу себе се поврзани со одлични траектни линии, а недалеку од нив е и прекрасната Сицилија која исто така може да ја посетите со еден од бродовите. 
Службени јазици во Малта се малтешкиот и англискиот, но голем дел од населението го користи и италијанскиот.
На Малта има многу нешта кои вреди да се посетат и доживеат. Доколку се одлучите да ја посетите оваа пролет за Велигден, ние ви предлагаме неколку најпознати знаменитости кои ќе ви го одземат здивот и ќе го направат вашето патување незаборавно.
Најпрво на листата е секако главниот град на Малта- Валета. Таму се наоѓаат бројни знаменити градби кои датираат од 16. Век и се изградени во различни уметнички стилови меѓу кои доминира барокот, а функционалните и неокласичните градби се повеќе присутни во населбите обновени по втората свестка војна.
 
Во центарот на градот се наоѓа најголемата катедрала на Малта- St.John изградена во 1572 година, во која можете да ги видите најголемите дела на Caravaggia.
Исто така задолжителна е и посетата на Палатата Auberge de Castille или палата на малтешките витези која денес е седиште на претседателот на владата.
Тоа што денес претставува Валета, некогаш била Мдина- поранешниот главен град на Малта.
Мдина или Citta Vecchia е средновековен град кој е опкружен со ѕидини. Се наоѓа во среднишниот дел на островот и го нарекуваат Тивкиот град во кој живеат само околу 300 жители. Мдина е позната по изработка на стакло од каде всушност потекнува Mdina Glass Malta- едно од најпознатите и најквалитетните стакла во светот. Прошетката низ градчето е уживање за сите оние кои сакаат да ги избегнат гужвите и да уживаат во тивките улици.
 
По прошетката низ градот неизбежно е да се посети и најубавото, рибарско село во Малта наречено Marsaxlokku во кое преовладува идилична атмосфера и каде што шарените куќички прават спектакл од бои кои од далеку изгледаат како уметничко дело. На секој чекот ќе видите рибари како ловат риби со големи мрежи, а во неделите ги продаваат на рибен пазар каде секој кој е љубител на риба, може да го посети. Долж морската обала се наоѓаат голем број на кафулиња и ресторани од каде ќе уживате во прекрасното зајдисонце.
Една од најпознатите атракции на Малта е познатата “Модра пештера“ или оригилано “Blue Grotto” која е низа од неколку природни пештери до која се стига со брод или доколку сте авантуристи, со глисер. За најхрабрите, љубители на адреналинот предлагаме и кратко пливање низ нејзе.
   
Ако сте љубители на археологијата непропуштајте да ги посетите и археолошките паркови Hagar Qim и Mnajdra кои се едни од најстарите храмски и религиски комплекси во кои е основан култот на плодноста. 
За гурманите кои сакаат да екпериментираат со вкусовите и да искусат дел од Малтешката кујна освен, свежата риба и морските плодови предлагаме да го пробаат и најпознатиот специјалитет – зајачко месо. Го има во најразлични варијанти, но едно од најпознатите е Fenek-bit tevn или зајак во вино.
 
Овој Велигден е вистинско време да ја посетите Малта и да уживате во пролетта на медитераснки начин. 
Погледнете ја нашата понуда тука.