Image result for corfu Image result for corfu

23.мај  (четврток)             СКОПЈЕ - КРФ
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 21:30 часот. Поаѓање за Грција во 22 часот. Ноќно возење со попатни одмори.

24.мај  (петок)                    КРФ
Пристигнување на пристаништето Игуменица во претпладневните часови. Превоз со траект до островот Крф.   Панорамски разглед на градот: стариот град, тврдината, плоштадот со шеталиштето... и неговите знаменитости вклучувајќи ја и прекрасната Црква на Свети Спиридон од 16 век каде се и моштите на овој светец кој е заштитник на островот. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.

25.мај (сабота)                  КРФ
Појадок. Разглед на островот: Организирана посета на дворецот – музеј Ахилион (некогашна резиденција на Австриската кралица Елизабета), попатна посета на местото Канони од каде имате незаборавна панорама, една од Bella Vista точките на островот... Разгледот продолжува со посета на Палеокастрица (една од најстарите населби на островот). Можност за попатна посета на фабриката за производство на слатко и ликер од познатата локална овошка -Кум Кат. Вечерта, факултативна посета на грчка таверна со традиционална музика. Ноќевање.

26.мaj (недела)                      КРФ- СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Заминување на пристаниште и трансфер со траект до Игуменица. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Цена на аранжманот: 99 Є (6.138,00 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Превоз со траект Игуменица - Крф
- Сместување во хотел Bintzan Inn *** , 2 ноќевања со појадок

- Организиран панорамски разглед на Крф

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Факултативна вечера во национален ресторан
- Влезници за музеите, палатите и културно-историските споменици

- Патничко осигурување


НАПОМЕНИ:

- Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници

- За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето: САВАНА ДОО Скопје

GALLERY