Милано, Тирано, Ст.Мориц, Лугано,Лаго Ди Комо, Венеција...

„Северниот бисер“ на Италија како го нарекуваат Милано, е современ град со бурна историја и стари градби, центар на светската мода. На прв поглед Милано изгледа како грациозен модел на писта со одлична коскена структура, екстравагантен стил и без очигледна душа. Најбогатиот и најмодерниот град во Европа кој истoвремено изобилува со историски и артистички атракции, меѓу кои најголемата готска катедрала во светот, уметничкото дело “Последната вечера“ и најпознатата оперска куќа во светот „La Scala”. Милано е главниот мотор на економијата во својата земја и домот на берзата. Преку ден може да направите одличен шопинг, додека пак во вечерните часови може да уживате во авангардната театарска сцена, фабулозната аперитив сцена или во некој од жешките клубови до раните утрински часови. 
 

 26.aприл (петок)                СКОПЈЕ - МИЛАНО
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во Скопје, во 11:30 часот. Поаѓање за Милано во 12:00 часот. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.
 
27.aприл (сабота)                  МИЛАНО
Пристигнување во Милано во пладневните часови и заминување кон разглед на градот: тврдината Сфорцеско, централниот плоштад со истоимената и најголема готска катедрала во светот - “Duomo”, галеријата “Vittorio Emanuelle” која ги поврзува катедралата и Миланската Скала (една од најпрочуените оперски куќи во светот). Можност за посета на црквата “Santa Maria delle Grazie”. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности.. Ноќевање.

28.aприл (недела)          МИЛАНО- ТИРАНО – СТ.МОРИЦ ( Бернина Експрес ) 
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или Факултативна можност за уникатно доживување и посета на Тирано од каде ќе заминеме во посета на Ст. Мориц со познатиот панорамски црвен воз - Бернина Екпрес, кој низ Алпите ги  поврзува северна и јужна Европа. Светски познатата панорамска рута поминува низ прекрасни пејсажи од планини, езера и глeчери и е вистинска атракција, чудо на природата заштитенa од УНЕСКО. Турата започнува од Тирано и на својот пат кон Швајцарија и Ст. Мориц поминува низ езерата “ Bianco “, “Poschiavo“  познатиоот свиок “Montabello “и глечерот “ Morteratsch” , искачувајќи се до 2,253 надморска височина. По присигнување во Ст.Мориц слободно време за индивидуални прошетки низ познатото монденско планинско место, кое е највисокиот ски центар во Швајцарија познат и по името “ Top of the world “- или врвот на светот. Релаксирајте се со топол чај и прекрасна панорама на околните планини и езерото Ст.Мориц. Враќање во Милано во попладневните часови. Ноќевање.
 
29.aприл (понеделник)          МИЛАНО - ЛУГАНО (Швајцарија) - ЛАГО ДИ КОМО
Појадок. Слободен ден во Милано, или факултативна посета на градот Лугано во Швајцарија. Панорамски разглед на градот: црквите“San Rocco”, “San Antonio” и “Santa Maria di Angelo”, стариот град со своите плоштади “Piazza Ciochara” и “Piazza della Reforma”, казиното, палатата “Civico - Villa Cianni”, големиот градски парк (еден од најубавите во Швајцарија) “Parco Civico“. Во продолжение, попатна посета на градот Комо (лоциран на истоименото езеро Лаго ди Комо), каде многу познати лица од светскиот џет сет, имаат свои куќи и вили. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Милано. Ноќевање.

30.април (вторник)               МИЛАНО - ВЕНЕЦИЈА - СКОПЈЕ 
Појадок. Заминување од Милано. Патувањето низ регионот Венето, нуди можност за попатна посета на Венеција. Превоз од предградието Мештре до стариот град со локален воз (факултативно). По пристигнување, слободно време за заединичка или индивидуална прошетка низ најромантичниот град во светот: Каналот Гранде, Мостот Риалто, Плоштадот и црквата Св. Марко, мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Венецијанската кула... Патувањето продолжува кон Македонија со ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија. Попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје наредниот ден ( 01 Мај ) во пладневните часови.
 

 Цена на аранжманот: 189 € (11.720 мкд)

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:           
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотели ***, во околина на Милано на база 3 ноќевања со појадок
- Разгледи според програмата на Милано и Венеција.
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:                                             
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Факултативна посета: Лугано и Комо (30 €)
- Превоз со локален воз: Мештре-Венеција-Mештре (околу 4 €)
 - Факултативна тура Тирано – Ст Мориц со панорамски воз Bernina Express (60 €)
- Патничко здравствено осигурување  
- Туристичка такса по лице од ден, уплата индивидуално на рецепција во хотелите (околу 3€) 

НАПОМЕНИ:               
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето: САВАНА ДОО Скопје

GALLERY