Сите патишта водат во РИМ... и навистина е така. Овој град секојдневно го чувствува тоа. Mилионите туристи кои постојано го посетуваат градот, се уверуваат во фактот дека тој има одбележано една цела епоха во светската историја. Попознат како "Римското царство", овој период од светската историја и денес е видлив благодарејќи им на мноштвото споменици кои сочувани од забот на времето сеуштe го красат овој град...


 Related image


26.aприл (петок)  СКОПЈЕ - РИМ  
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 13:50 часот. Лет за Рим W6 7757 во 17:50ч. Пристигнување во Рим во 19:25 часот. Трансфер до хотелот со панорамско разгледување на градот: Виа Венето, Шпанските скали, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Колосеумот, мостовите на Тибар, црквата Св. Петар, Фонтаната Ди Треви... Сместување и слободно време за индивидуални активности.  Ноќевање.

27.aприл (сабота) РИМ - ВАТИКАН - НАВОНА
Појадок. Факултативна посета на Ватикан, еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се изложени многубројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во 1506г. Посета на Сикстинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби, црквата Св.Петар... По разгледот, препорачуваме прошетка покрај Замокот на Ангелите и преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од 1ви век. Познат и како уметничка четврт на Рим, плоштадот Навона е гордоста на барокот на градот Рим со скулптури и архитектонски дела од Џан Лоренцо Бернини: познатата фонтана Fontana dei Quattro Fiumi, црквата Св.Агнеса во Агонија од Боромини и Рајналди.... Можност за краток одмор за ручек или уживање во вкусот на италијанското кафе. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање

28.aприл (недела)     РИМ - ТИВОЛИ
Појадок. Факултативна посета на местото Tиволи. Прекрасната Villa D’Este и нејзината градина се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Попладне ви препорачуваме прошека по познатата Виа Дел Корсо (најпознатата шопинг улица), посета на фонтаната di Trevi, пред да продолжите понатаму незаборавајте да фрлите паричка, за да го обезбедите вашето враќање во Вечниот град. Имајте пријатна кафе пауза покрај познатите Шпански скали. Слободно време за вечера во некој од многубројните традиционални италијански ресторани во Трастевере. Ноќевање.

29.aприл (понеделник)    РИМ (Римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил)
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Можност за факултативна прошетка низ Рим со метро и посета на катедралната црква посветена на Св. Павле, како и катедралите Сан Џовани Латерано, Санта Марија Маџоре, црквата Сан Пјетро ин Винколи, прошетката продолжува покрај Колосеумот (мала пауза за фотографирање) до црквата Сан Клементе каде ќе ги посетиме капелата и гробот на Св. Кирил... Трансфер до аеродромот во Рим во 17:00ч. Лет за Скопје W6 7758 во 20:00ч. Пристигнување во Скопје во 21:40 часот.
 

 Цена на аранжманот: 
“BASIC” 449 € основен пакет
“STANDARD” 469 € пакет со вклучени 2 разгледи
“SUPERIOR” 579 € пакет со вклучени 4 разгледи

 


РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ   BASIC   STANDARD SUPERIOR
Организиран панорамски разглед на Рим 15 €

Посета на римокатоличките катедрали и гробот на Св. Кирил (превоз со метро) 10 €

Посета на Ватикан: резервација, слушалки, водич и влезница (превоз со метро) 50 € 50 €

Посета на Тиволи со превоз, водич и влезница 65 € 65 €

√ - вклучено во пакет цената на аранжманот !  


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација: Скопје - Рим - Скопје (со Wizz Air)
- Рачна торба или ранец (40x20x30cm)
- Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром - хотел - аеродром
- Сместување во хотел ***, на база 3 ноќевања со појадок
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Аеродромски такси (60€)
- Здравствено - патничко  осигурување 164мкд
- Туристичка такса: Хотел 4* - 6€, Хотел 3* - 4€ по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција.
- Голема кабинска торба до 10кг – 650мкд по правец
- Пријавен багаж до 20кг – 1550мкд по правец
- Пријавен багаж до 32кг – 2150мкд по правец
- Доплата за 1/1 соба – 91€
- Билети за превоз со метро 1,5€ по правец / 7€ дневен билет
- Влезници за културно-историските споменици
 
НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- Организатор на патувањето е САВАНА ДОО
 

GALLERY