Image result for krakow Image result for vienna


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

07.март (четврток)  СКОПЈЕ–КРАКОВ
Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 14:30ч. Поаѓање за Краков во 15:00ч. Дневно и вечерно возење кое води преку граничниот премин Табановце, Србија и ноќно возење преку Унгарија...

08.март (петок)      КРАКОВ

Пристигнување во Краков во утринските часови. Заминување на факултативен панорамски разглед на градот кој до 17. век бил Престолнина на Полска: Стариот град кој е дел од светското културно наследство на UNESCO, посета на замокот Вавел, еден од најубавите ренесансни дворци во Европа, Катедралите Св. Станислав и Вацлав каде се крунисани полските кралеви, трговската улица Гроцка со посета на готската катедрала Св.Марија од XIV век, позната по својот олтар и по огласувањето на трубите на секој час, Флоријанската улица која завршува со Флоријанската капија со добро сочуваните делови од одбранбениот систем на градот од XIV и XV век. Слободно попладне...Вечерта, факултативно, прослава на Денот на жената во традиционален полски ресторан со уметничка програма и јадења од националната кујна. Ноќевање. 

09.март (сабота)      КРАКОВ – АУШВИЦ - КРАКОВ
Појадок. Факултативно, заминување за Аушвиц во посета на озлогласениот концентрационен логор од времето на Втората Светска војна. Посета на гасните комори, крематориумот, ѕидот на смртта и дел од затворските блокови. Излетот продолжува кон Биркенау, во посета на најголемиот Нацистички концентрационен логор. Овде се посетува главната порта на логорот позната како Порта на смртта на која пишува ’’Arbeit macht frei’’ или “работата ослободува” и дрвените бараки во кои биле затворани и сместувани евреите. На враќање од Аушвиц, посета на родното место на Папата Јован Павле II, селцето, Вадовице и кратка прошетка низ местата и објектите кои го одбележале животот на Карол Јозеф Војтила пред неговото назначување за Папа. Слободна вечер за индивидуални активности. Ноќевање. 

10.март (недела)  КРАКОВ – ВЈЕЛИЧКА – BИЕНА  - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки или факултативнo заминување за Вјеличка во посета на Кралскиот рудник за сол – уникатен , енормно голем комплекс на тунели, комори и пештери кој датира од доцниот 13.век. Распослан е на 9 нивоа,  под земјината површина крие преку 3000 пештери и простории. Незаборавни моменти на истражување на солените пештери, храмови, статуи од сол, подземни езера, вклучувајќи го најголемиот подземен храм направен од сол, во светот. Во 1978 г. Вјеличка е ставена на листата на светско културно наследство на УНЕСКО..Заминување за Скопје со попатна посета на Виена, панорамски разглед на градот: Виенската oпера, музејот на историјатa на уметноста, царската палата Хофбург, Парламентот... слободно време пред заминување за Скопје. Пристигнување во Скопје, следниот ден во попладневните часови.


Цена на аранжманот:

“BASIC” 135 € основен пакет
“STANDARD” 139 € основен пакет + разглед на Краков
“SUPERIOR” 189 € основен пакет + 3 факултативи
(Краков, посета на Вјеличка, посетa на Аушвиц и Вјеличка)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Автобуски превоз на наведената релација
- Сместување во 1/2 соба во Хотел 3*, 2НП во Краков,
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Панорамски разглед на Краков (10 € )
- Факултативен излет Вјеличка (30€)
- Факултативен излет Аушвиц и Вадовице (25€)
- Факултативна вечера во традиционален ресторан
- Влезници за културно историски споменици и други индивидуални трошоци

НАПОМЕНИ:
- За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на ТА САВАНА и СКТМ
- Организатор на патувањето САВАНА ДОО Скопје 

GALLERY