https://waytomonte.com/img/slider/8/1/7153/7c93f8f5cfc20d4da0eb00a8e92a1916_thumb.jpg

07.март (четврток)                СКОПЈЕ – ТИВАТ
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 23:00ч. Поаѓање на автобусот за Тиват во 23:30 часот. Се патува преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

08.март (петок)                       ТИВАТ
Пристигнување во Тиват во претпладневните часови. Разглед на градот: католичката црква Св.Антун Падовански (заштитник на градот), црквата Св.Сава, плоштадот Култура, Летниковецот Буча (најголемата градба на Которскиот залив, изградена во 16.век и некогашна летна резиденција на благородната фамилија Буча), луксузниот комплекс "Порто Монтенегро" (единствена марина на Јадранот, за љубителите на водените спортови), Ботаничката градина (изградена по наредба на адмиралот на австроунгарската морнарица Макимилиан Даблес фон Шротернек, кој со  декрет побарал од сите капетани да донесат примероци од разни растенија за да го украсат военото пристаниште Арсенал во Тиват). Благодарение на благата клима, растенијата се совршено вкоренати и денес, а градината која зафаќа површина од 4 хектари е една од најголемите во јужниот дел на Јадранското Море. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

09.март (сабота)                 ТИВАТ-ДУБРОВНИК– KOTOР
Појадок. Можност за факултативен излет до Дубровник. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала... во враќање, посета на прекрасниот стар град - Котор: катедралата св.Трифун, Столбот на срамот, цркавата Св.Лука, Поморскиот музеј, црквата Св.Никола.... Враќање во Тиват во попладневните часови. Вечерта, можност за факултативна свечена вечера  во ресторан. Ноќевање.

10.март (недела)                      МАНАСТИР ОСТРОГ – СКОПЈЕ
Појадок.
По појадокот напуштање на хотелот. Посета на манастирот Острог 
кој е едно од најпосетуваните светилишта во Црна Гора и на Балканот, кој датира од XVII век основан од Василиј Острошки. Попладне, заминување за Македонија преку Албанија и Косово. Пристигнување во вечерните часови.        


Цена на аранжманот:  99 Є (6.138,00 мкд)


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:   
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел Palma ****, 2 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Факултативен целодневен излет до Дубровник и Котор 15€
- Влезници за музеите и културно-историските споменици
- Патничко здраствено осигурување
- Туристичка такса и осигурување 1,4€ по лице на ден

НАПОМЕНИ:

- Цената е дадена по лице за пакет аранжман  во двокреветна соба
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето САВАНА ДОО
 

GALLERY