Златибор - воздушна бања и благи падини за незаборавно семејно зимување


Дали поради благотворната клима, преубавата природа, големиот број туристички атракции или поради надалеку прочуените златиборски специјалитети, Златибор е една од омилените дестинации на вљубениците во планината – во сите годишни времиња. Сепак, зимување на Златибор е нешто посебно.
Сместен во срцето на Србија, над Ужице, на висина од 1.000 метри, Златибор има повеќе од 2.000 сончеви часови годишно и во просек 95 снежни денови. Снежната покривка достигнува просечна дебелина од 60 сантиметри. Овој познат туристички центар има стогодишна традиција, а името го добил по златните борови кои се природна реткост што е заштитена. Целокупната клима е рај за лица со респираторни болести, за оние што страдаат од алергии и воопшто во целост позитивно дејствува врз човековиот организам, поради што е познат како воздушна бања.
Златибор е идеален избор за семејно зимување и за да ги направат вашите деца првите чекори на скии. Овој зимски центар им е омилен на врвните спортисти, кои честопати доаѓаат тука на подготовки. Покрај природните терени, изградени се и повеќе современи спортски објекти – голема спортска сала, фудбалски терени, игралишта за тенис, затворен и отворен базен.
Урбаниот центар на Златибор претставува вистинско место за возбудлив ноќен живот иако и преку ден на располагање се голем број кафулиња, ресторани и други угостителски објекти.
Највисоките врвови на Златибор се Торник - 1496 метри и Чигота – 1422 метри. Ски-центарот Торник е опремен со шестоседна жичарница со капацитет од 3.000 скијачи на час, со два ски-лифта со вкупен капацитет од 2.400 скијачи на час. Четирите патеки – Чигота, Торник, Рибница и Змајевац се покриени со систем за вештачко оснежување, така што овој ски-центар не зависи од временските услови.
Во Торник се наоѓа и посебен вид инсталација, т.н. tubing односно лизгање на гума, кое како и самата жичарница може да се користи во текот на целата година, а претставува особено задоволство за секој што ќе реши да го проба.

Каде да се сместите?
Во нашата понуда имаме неколку хотели кои ќе ви овозможат зимување по ваша мерка.

Хотел Мона се наоѓа во срцето на Златибор, така што неговата поставеност е во близина на сите туристички содржини. Хотелот располага со 120 соби и апартмани. Во секоја соба има ТВ со кабловска телевизија, сеф, мини-бар, фен, телефон, телефон и интернет-конекција. Во хотелот има можност гостите бесплатно да користат базен, теретана, сауна, парна бања и соба за релаксација. Сите соби во хотелот Златибор Мона се климатизирани. Покрај овие погодности може да се користат и третмани на лице и тело и масажа кои дополнително се плаќаат.
 
Хотел Палисад се наоѓа во центарот на Златибор во убав дел недалеку од Езерото, опкружен со прекрасна борова шума. Овој модерен хотелски комплекс ви нуди одлична услуга, квалитетна храна, како и голем број содржини за одмор и релаксација. Хотелот располага со 257 соби и 54 апартмани. Прекрасниот ресторан со одлична национална кујна како и монденски уредениот аперитив бар ке го зголемат вашето уживање.
MIR 4*
Сместен е во мирниот дел на Златибор и располага со 19 двокреветни соби и 6 луксузни апартмани. Може да уживате во хотелскиот ресторан, бар, кафе-тераса, wellness центар со џакузи, сауна и фитнес, игротека за деца. На располагање е и конгресна сала, како и паркинг. Собите, пак, се опремени со мини-бар, телефон, сеф, бесплатен wirreles интернет, LCD ТВ, фен, баде-мантил и папучи.
Хотелот е сместен на главното шеталиште во Златибор на 8 км од жичарницата Торник. Хотелските соби се комплетно опремени со flat Screen TV со кабловска, кујна и трпезарија. На располагање има сопствен тоалет. Појадокот е на база на шведска маса.

Хотел Ирис се наоѓа на 8 км од центарот на Златибор. Гостите можат безплатно да уживаат во хотелскиот базен, спа-центар и сауна. На располагање го имате и хотелскиот ресторан, бар и бесплатен паркинг. Сите хотелски соби се комплет опремени со ТВ. Хотелските соби се со поглед на планина или, пак, со поглед на градина. Гостите на располагање имаат и остава за ски-опремата.
Се наоѓа на 5 минути пешачење од центарот на Златибор. Во својата понуда има 2 отворени базени. Во склоп на хотелот има и затворен базен и спа-центар. Сите соби и апартмани на хотелот имаат приватен балкон. Сите хотелски слоби се комплетно опремени и содржат ТВ и мини бар. Секоја од собите располага и со сопствен тоалет. Самиот хотел има и лоби-бар каде што гостите можат да уживаат покрај камин.  Во хотелскиот ресторан гостите можат да уживаат во традиционална и интернационална кујна. Хотелот располага и со фитнес-центар, спа-центар и сауна.

 

Каде да прошетате?
На Златибор има навистина многу нешта да се видат и да се направат. Златиборското Езеро со својата убавина е еден од синонимите на овој туристички центар. Над езерото се наоѓа Кралскиот плоштад, пространо плато и шеталиште на кое се случуваат културни манифестации и концерти во текот на целата година. Овде најмладите може да уживаат во возење автомобилчиња или јавање коњи, да ги посетат парковите Авантура и Дино, да пробаат tubing или zip-line и уште низа други активности.
Доколку сакате да ја истражувате околината, ви ги препорачуваме Стопиќа пештера во Рожанство, Водопадот во Гостиља, Старо село во Сорогојно, Рибничкото Езеро и Прераст во Доброселица.